Достапни линкови

Уапсени 181 лице


181 лице, се уапсени од почетокот на прогласувањето на вонредна состојба во Србија, по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, соопшти Владата на Србија.

,,Знаеме кои се извршителите и нарачателите на убиството, ,,техничко прашање“ е само кога тие ќе бидат уапсени“

соопшти српскиот министер за полиција Душан Михајловиќ.

,,Имаме докази и изјави на оние кои се уапсени, чии искази ги потврдуваат сознанијата,“

изјави шефот на српската полиција.

,,Оние кои се во бегство немаат излез, бидејќи ја имаме подршката од целиот свет. Со расветлувањето на овој случај, ќе бидат разјаснети и убиствата и киднапирањата на српските политичари во последните неколку години,“

додаде Михајловиќ.

Според Михајловиќ целта на убијците на Ѓинѓиќ, била да се дестабилизира државата и мафијата повторно да дојде на ,,чело на земјата,, како во времето на Милошевиќ.

Премиерот Зоран Ѓинѓиќ, беше убиен на 12-ти март, а за неговото убиство Владата ја обвини криминалната група позната под името ,,Земунска мафија,, предводена од Милорад Луковиќ-Легија, поранешен командант на Единица за спрецијални операции на Министерството за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG