Достапни линкови

ДПА останува на ставот дека владата е одговорна за бавноста


Демократската партија на Албанците не смета дека бојкотот на лидерските средби, најавите за демонстрации и евентуално повлекување на потписот од рамковниот договор се спротивни на конструктивноста на која лидерот на партијата Арбен Џафери е повикан во писмото одговор упатено од генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон. Токму спротивното ДПА со оценка дека нивните забелешки за неспроведувањето на рамковниот договор, и особено за непочитувањето на амнестијата во НАТО се примени со разбирање.

„И ова може да придонесе за загрозувањето на и така кревкиот мир, за кој сите знаеме дека многу тешко беше постигнат во Македонија. Па, и тука доаѓаат сите разбирања на господинот Робертсон“

изјави портпаролот Демуш Бајрами. Во истовреме советникот на Роберсон Марк Лејти за суштината на одговорот на шефот на НАТО испратено до Џафери пред лидерската во петок вели:

„Познато е дека господинот Робертсон цврсто верува оти потписниците на Охридскиот договор треба да се држат до тој договор, да се состануваат за да обезбедат негово спроведување, затоа што ништо не е поважно од неговата имплементација“.


Лидерот на Демократската партија на Албанците најави разгледување на можноста за повлекување на потписот од рамковниот договор. Тешко ми е да поверувам дека господинот Џафери би направил такво нешто коментира советникот на Робертсон Марк Лејти.

„Тој потпис значи дека тој ја презел обврската и дека неговата чест е во прашање, зашто не верувам дека тој сега би можел да се предомисли. Истовремено, сосема е јасно дека то не би бил добар потег“.

рече Лејти.

Во меѓувреме со повлекувањето на потписот и ставањето мораториум на работењето на политичката партија како можна опција ДПА инсистира евентуалната радикализација на состојбите ќе биде резултат на лошото работење на актуелната влада, а најавените демонстрации и протести во организација на оваа партија ќе бидат израз на нивната заложба за мир“ рече Бајрами.
XS
SM
MD
LG