Достапни линкови

Дали владата почнува со државен интервенционизам?


Дали владата не започна со наметнување на државен интервенционизам е прашањето кое се отвори по јавната препорака на министерот за финансии до менаџментот на електро стопанство


„Тоа јавно претпријатие ќе мора да си преземе политики на внатрешна консолидација, на внатрешни резерви и не може туку-така, како монопол, како и други монополи, решенијата да ги бара само од позиција на монопол“

Од електростопанство веднаш пристигна одговорот:

„Ние секако ќе ја прифатиме пониската даночна стапка и со домаќинствата ќе одиме со стапката што беше претходно, со 5 отсто“.

вели портпаролот на ЕСМ Сашо Новевски. Повисока цена на електриЧната енергија ќе плаќаат единствено индустриските капацитети поради фактот што оваа услуга од пониската преминува на одано6ување кон повисоката односно со даночна стапка од 18%.

„Последицата од зголемувањето на ддв ќе биде преземена како товар на АД Електростопанство“.

Професорот на правниот факултет Борче Давитковски со коментар:

„Министерот за финансии не би можел, туку владата би можела да сугерира, бидејќи владата е основач на јавното претпријатие, тоа е ризик на владата и доколку ЕСМ евентуално работи со загуби, во тој случај владата си зема обврска да ги покрие тие загуби“.

Давитковски предупредува, фиксирањето на цената на постојното ниво при промена на даночните стапки може негативно да се одрази врз продажбата на електро стопанство.

„Кога ќе се прави тендерот за продажба, тој што ќе биде евентуално заинтересиран за ЕСМ, ќе води сметка со какви цени се работи, па од тоа и ќе зависи неговата заинтересираност, односно незаинтересираност“.

Корегирањето на цените на јавните услуги кон нагоре ќе се случи по изгласувањето на буџетот за 2003 година и законските измени кои треба да следат со утврдувањето на обемот на новата државна каса.
XS
SM
MD
LG