Достапни линкови

Промовирана титулата од СПЦ


Со заклучени врати и полициско обезбедување, денеска на расчинетиот митрополит на велешко-повардарската епархија Јован не му беше дозволен влез во битолскиот соборен храм Св. Великомаченик Димитрија.

Средбата со новинарите, тој ја одржа на отворено, во градскиот парк, јавно промовирајќи ја титулата што му ја одреди СПЦ егзарх на Охридската архиепископија. Според расчинетиот Јован седиштето на егзархијата ќе биде во Битола, а тој ќе ја врши улогата на егзарх, додека не се избере охридски архиепископ.

Тој ги игнорира сите обвинувања на македонската црква и народ дека е расколник.

„Не се чувствувам како народен предавник, а новата титула ја доживувам како голема почест, која за прв пат ќе и донесе автокефалност на македонската црква.“

истакна тој. Доколку не биде вратен во својата епархија, со закана дека СПЦ ќе преземе црковно-судска постапка за расчинување на македонските владици, а дотогаш нема ни да ги врати 57,000 евра, донација на Костовски за велешката црква Св. Пантелејмон, пари што сега се наоѓаат надвор од државата.
XS
SM
MD
LG