Достапни линкови

25 пратеници ја напуштија партијата на премиерот


Турција ја потресува најлошата економска криза од Втората Светска војна, а политичкиот земјотрес, според турските медиуми започна деновиве со оставката на заменик премиерот Хусаметин Озкан, човек за кој се сметаше дека му е најблизок соработник на премиерот Булент Еџевит повеќе од 11 години. Потоа , како што напиша Хуриет, духот излезе од ламбата и тешко е да се врати назад. Еџевит го напуштаат се повеќе министри, и пратеници од неговата партија. Грбот му го сврте и Месут Јилмаз со повикот за предвремени избори со цел што помала штета за Турција. Еден од министрите кои дадоа оставка и на државната и на партиската функција Хасан Гемеџи вака ја објасни својата одлука.

„Недостигот на доверба и недостигот на надеж кај турците ги прават проблемите во земјата уште поголеми. Очекував дека генералниот секретар на партијата и премиерот господин Еџевит ќе нови чекори за да го расчисти патот за партијата и владата, но тоа не се случи.“

Меѓутоа стариот волк 77 годишниот Булент Еџевит, кој ја предводи три-партиската коалиција ги пополнува испразнетите министерски места со нови луѓе и ги одбива барањата за негова оставка. Три пати досега во неговата долга политичка кариера беше премиер и сака да владее до крајот на мандатот до април 2004 година. На Еџевит се гледа како на човек одговорен за актуелната криза. Тој речиси два месеца поради болест беше отсутен од кабинетот. Турција е во економски незавидна ситуација. Турција и натаму се соочува се несупех за намерите за полнопрано членство во Европската Унија, поврзани со смртната казна и поголеми културни права за 12 те милиони курди. Новата политичка нестабилност доведе до пад на берзите за 5 проценти. Политичките игри за нови коалиции за предвремени избори на есен се во полн ек. Булент Еџевит, сепак не се предава и покрај тоа што неговата партија во Меџлисот веќе е на второ место откако го напуштија повеќе од 25 пратеници.
XS
SM
MD
LG