Достапни линкови

Независни кандидати за разбивање на монополот на партиите

Македонија - Локални избори 2017.
Македонија - Локални избори 2017.

Независни советнички листи зад кои стојат граѓански организации, активисти и истакнати личности најавија учество на локалните избори наесен. На изборите во регионот, пак, се случи „мала револуција“ каде големите партии изгубија. Ќе може ли случувањата во регионот да влијаат и во Македонија.

Додека големите партии постепено ги објавуваат кандидатите за претстојните локални избори планирани за наесен, и граѓански активисти најавуваат дека ќе кандидираат свои кандидати за советници во општинските совети.

Зелен хуман град, иницијатива зад која стојат 12 организации повикува граѓаните да се кандидираат на првата независна листа за членови на Советот на Град Скопје за претстојните избори.

Во Тетово група граѓански активисти ќе се кандидираат за независни советници, собрани во иницијатива „Подобро за Тетово“.

Претходно во Охрид беше формиран Иницијативен одбор за поднесување листа на независни кандидати за членови на Советот на Општината, под мотото „Охрид пред сè“.

На локалните избори во регионот се случуваше „мала револуција“ кога големите партии изгубија на пример во поголемите градови на изборите во Босна. За градоначалник на Загреб, хрватските гласачи избраа млад левичар активен во еколошки акции и иницијативи, а големите партии изгубија и во Сплит.

Можни ли се промени?

Не е невозможно независни листи на кандидати да освојат членови на општинскии совети, но зависи и од структурата на луѓето што ќе стојат зад тие листи, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. Но, како што вели, ова е демократско општество, па што поголема конкуренција, толку и подобар квалитет на кадри ќе има.

„Ова се локални избори и бројот на гласови да се влезе во советници е многу помал отколку бројот на гласови на пример за парламентарни избори за независни пратеници. Не гледам ништо лошо, во секој случај би го разбиле монополот кој го имаат политичките партии и можеби тоа позитивно ќе влијае и врз структурата на кандидатите која ќе ја понудат политичките партии“, вели Муслиу.

Тој додава дека сепак независните листи на кандидати немаат претпоставен број на гласачи како што имаат политичките партии.

„Тоа би требало да биде и целта на независните листи да ги натераат граѓаните да размислат дали ќе го дадат гласот за претставници на политичките партии или за листата на независни кои би требало да понудат квалитет што ќе ги привлече гласачите“, вели Муслиу.

Граѓаните не ги знаат имињата на советниците

Неодамнешното истражување на Меѓународниот републикански институт ИРИ покажа дека во некои општини една третина од испитаниците не го знаат името на својот градоначалник, а во ниту една општина вклучена во истражувањето граѓаните не знаеле да набројат имиња на барем пет советници од општинскиот совет.

Но, во истата анкета, граѓаните кои одговориле дека не се задоволни од работата на својот градоначалник, сепак одговориле дека повторно би гласале за партијата што ги предложила.

Политичарот со долгогодишно искуство Тито Петковски вели дека случувањата во регионот може да повлијаат и во Македонија.

„Во Хрватска имавте луѓе кои не беа партиски определени, можеби беа поддржани од некои партии, но излегоа со свои програми, победија во Загреб. Многу добар пример е онаа жена што победи во Сараево, па во Тузла во БиХ, веќе ги надминаа тие етнички рамки и партиски строги рамки кои утврдиле дека својот кандидат треба да биде апсолутно припадник на таа политичка партија. Мислам дека постепено и кај нас ќе доаѓаат способни и креативни луѓе кои може да направат програма и кои навистина сакаат да му помогнат на граѓанинот во местото на живеење, а не само да дојде до место советник за да може да влијае или градоначалник па да извршува партиска наместо граѓанска програма“, вели Петковски.

Партиските функционери се растрчаа низ Македонија во изборна година

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на средба со граѓани во Охрид на 4 јули 2021
1/13 Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на средба со граѓани во Охрид на 4 јули 2021
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајновски на партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ.
2/13 Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајновски на партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ.
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Партиска трибина на СДСМ во Охрид на 4 јули 2021
3/13 Партиска трибина на СДСМ во Охрид на 4 јули 2021
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ Во Бутел
4/13 Партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ Во Бутел
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче во посета на Кавадарци и Неготино на 3 јуни 2021
5/13 Потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче во посета на Кавадарци и Неготино на 3 јуни 2021
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски во посета на селот Љубанци, скопско
6/13 Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски во посета на селот Љубанци, скопско
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ  Оливер Спасовски на партиска трибина во Куманово на 30 јуни 2021
7/13 Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски на партиска трибина во Куманово на 30 јуни 2021
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на средба со граѓани на Росоман.
8/13 Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на средба со граѓани на Росоман.
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на средба со граѓаните на Струга на 2 јули 2021
9/13 Министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на средба со граѓаните на Струга на 2 јули 2021
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓани во Гази Баба
10/13 Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓани во Гази Баба
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Теемелковски на средба со граѓаните од општината на 5 јули 2021
11/13 Заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Теемелковски на средба со граѓаните од општината на 5 јули 2021
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба на тема локална самоуправа.
12/13 Партиска трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба на тема локална самоуправа.
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ на маалска средба со граѓаните на оваа општина на 5 јули 2021
13/13 Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ на маалска средба со граѓаните на оваа општина на 5 јули 2021
Владините функционери се растрчаа за поддршка на локалните власти од владејачката партија кои промовираат проекти во рамки на караванот „Најдоброто за нашата општина“. И најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е на терен, тие организираат тематски трибини на кои гостуваат и поранешни функционери.
Previous slide
Next slide

Премиерот Зоран Заев најави дека локалните избори може ќе се одржат на 31 октомври, но претседателот на Собранието се уште не ги распишал изборите. Се очекува изборите да бидат распишани до крајот на месецов или најдоцна на почетокот на август.

Ова ќе бидат седми по ред локални избори од осамостојувањето на Македонија.
Досега на локалните избори имало независни кандидатски листи кои успеале да освојат советнички места. Независните кандидати за градоначалник, обично истакнати личности во општеството, спортисти, уметници, професори, пак немале поголем успех.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

This item is part of
XS
SM
MD
LG