Достапни линкови

Четворица починати и 26 новозаразени од коронавирус во Македонија


Клиника за инфективни болести во Скопје

Четворица пациенти со Ковид-19 починаа на Клиниката за инфективни болести, информираше Министерството за здравство. Двајца се од Скопје – пациентка на 79 години и пациент на 63-годишна возраст, 58-годишен од Велес и 67-годишен пациент од Прилеп, соопшти МЗ.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на заразени со коронавирусот: По четири лица во Скопје и Тетово,11 во Куманово, во Прилеп – тројца, во Велес и двајца и по еден во Кочани и во Пробиштип. Со нив, вкупниот број на дијагностицирани пациенти во нашата земја достигна 854 лица.

Во Штип денеска се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку Институтот за јавно здравје – 317, преку Ветеринарен факултет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и „Филип Втори (Жан Митрев)“ – 71.

Досега во земјата се направени вкупно 8552 тестирања на коронавирус.

Министерството за здравство соопштува и за бројот на заболени лица по местото на живеење: Скопје – 316; Куманово – 211; Дебар – 49; Штип – 27; Прилеп – 75; Тетово – 37; Струга – 43; Велес – 32; Битола –9; Охрид –4; Кавадарци – 3; Гостивар – 8; Гевглелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка – 3; Радовиш – 4; Крушево – 3; Кочани – 22 и Пробиштип – 2.

XS
SM
MD
LG