Достапни линкови

Цените замрзнати, владата се прошири до следната криза - вие коментирате


Илустрација

Кога приоритет ќе им биде народот? - гласи еден од коментарите за проширувањето на владината коалиција со Алтернатива.

Владата ги замрзна цените на основните прехранбени производии и одлуката ќе трае до 31 јануари 2022 година. На нашата ФБ страница нема ниту еден позитивен коментар, само критики и подбив.

Петар Толев вели: „Почекајте уште некоја од соседните држави да замрзне цени на продукти да може да се ориентирате“, а Бобан Попоски прашува: „А која Влада???“, па по прашалниците самиот одговара со епитети: „Оваа криминално лоповскава??“ Во последно време мошне редовниот потпишан со Блажо Хогар Страшниот му одговара на Бобан Попоски: „Да, таа. Копијата на претходната, брат. Не се мачи, исто ѓубре ни се врти цело време“. Овие двајца влегуваат во дебата измешана со политика и партии, па на забелешката на Попоски дека „од СДС нема нешто полошо за Македонија“ и дека немал „никаква политичка опција“, како што напишал, Блажо Хогар Страшниот му одговара: „Немаш ама ги вагаш. Со право“. Бобан Попоски му одговара: „Ќе ги вагам, едните крадеа и нешто градеа, другите крадеа, крадат и ништо не прават“, на што Блажо Хогар Страшниот како да иронизира: „Имаш право, стиропорот на Скопје 2014 и Мартин Нешкоски се полесни од Преспанскиот договор и од Тетовската болница“. И така натаму и така натаму.

Владеачкото мнозинство во Собранието се зголеми на 64 пратеници откако премиерот Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива Африм Гаши постигнаа договор Алтернатива да стане коалициски партнер на актуелната Влада. Опозициската Алтернатива доби 3 министерски места, а ВМРО-ДПМНЕ реагира дека „Заев плаќа за да остане на власт“, иако Зоран Заев својата оставка на функцијата ја најави за 12 декември кога СДСМ ќе избере нов претседател. Коментарите на ФБ исто така се негативни: Петар Петровски постирал: „На СДС и Заев им остана само рачката од владата“, Тони Јованов прашува „Има ли пилот во авионот“, а Јана М Неделковска со свое мислење: „до следната криза. Мандатот им поминува во договарања и преговарања за делење на буџетскиот колач, а народот ќе чека и чека. СРАМОТА“. Соња Илиевска со слично мислење: „Само за позиции се договараат, алчни и жедни за власт. Кога приоритет ќе им биде народот?“ Иса Џафероски и Стевче Стојановски со различно мислење. Првиот вели: „Важно ВМРО рикна“, а вториот со смеење: „Хахааа, а да каже ВМРО и хидро Мицко што им ветија на Беса, Алтернатива и Алијанса“.

Неделното интервју на РСЕ е со професор Ристо Филкоски од Машинскиот факултет од Скопје, кој смета дека е неизбежен порастот на цената на струјата по Нова година и дека во енергетската криза што го погодува цел свет не треба да се брза со затворање на термоцентралите на јаглен.

Филкоски - Термоелектраните се со изминат работен век
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:21 0:00

Сониа Кочурова коментира: „Жално, ама не знам што се овие натегања околу покачувањето на струјата и плинот. Тоа е насекаде во светот“. Блажо Хогар Страшниот и на оваа тема со свој коментар: „Така е, ама многумина што коментираат на темава не им одговара тој факт, важно е партиската задача да си ја исполнат или едноставно да плукаат и затоа намерно го занемаруваат тој факт дека е глобална криза а не само кај нас“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG