Достапни линкови

Франција, пророкот Мухамед и холокаустот на Твитер


Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи зборува за време на видео конференција со претставници на Министерството за образование, во Техеран, 1 септември 2020 година
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи зборува за време на видео конференција со претставници на Министерството за образование, во Техеран, 1 септември 2020 година

Одбраната на францускиот претседател Емануел Макрон на правото да се прикажуваат карикатури на пророкот Мухамед што многу муслимани го сметаат за непочитување и богохулство доведе до тоа иранскиот врховен лидер Али Хаменеи да ги изедначи наводните навреди кон пророкот со негирањето на холокаустот.

Коментарот на Хамнеи адресиран до „Младите Французи“ е објавен на персиски, француски и англиски јазик на неговата веб-страница, како и на социјалните медиуми, вклучувајќи го и Твитер.

Во кратката порака, иранскиот лидер вели дека потегот на Макрон е „глупав чин“.

Макрон ги бранеше секуларните вредности по убиството на 47-годишниот наставник Самуел Пети, кој беше обезглавен откако покажал карикатури со пророкот Мухамед во неговата училница, а претходно им дозволил на сите ученици што би биле навредени да заминат.

Францускиот претседател Емануел Макрон му оддава почит от на убиениот учител Самуел Пети во Париз на 21 октомври.
Францускиот претседател Емануел Макрон му оддава почит от на убиениот учител Самуел Пети во Париз на 21 октомври.

Макрон му оддаде почит на Пети, велејќи дека тој е „убиен затоа што ги учеше учениците за слободата на говорот, слободата да веруваат и да не веруваат“.

„Прашајте го вашиот претседател зошто го поддржува навредувањето на Божјиот гласник во име на слободата на изразување. Дали слободата на изразување значи и навреда на особено света личност?“ - праша Хамнеи, додавајќи „Зарем овој глупав чин не е навреда за разумот на оние кои го избраа?”

Лидерите на ЕУ повикуваат на дијалог меѓу заедниците и религиите

Потоа Хамнеи ги спореди навредите кон пророкот Мухамед со негирањето на холокаустот, што е забрането во некои земји, вклучително и во Германија. „Зошто е кривично дело да се покренуваат сомнежи за холокаустот? Зошто треба секој што пишува за такви сомнежи да биде затворен?“

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи гледа во медалите на меѓународните научни олимпијади стекнати од ирански студенти
Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи гледа во медалите на меѓународните научни олимпијади стекнати од ирански студенти

На твитот на Хаменеи имаше многу критики, вклучително и од Џонатан Гринсблат, главен извршен директор на Лигата за анти-клевета:

„Негирањето на холокаустот е омраза, чиста и едноставна. Зошто му е дозволено на Хамнеи постојано да го поддржува антисемитизмот што јасно ја нарушува политиката на Твитер за говорот на омраза?“

Гринсблат, е внук на преживеан од холокаустот, кој избега од нацистичка Германија.

Ердоган - Човештвото треба да се бори против омразата кон исламот

Центарот Симон Визентал ,исто така, го нападна твитот на Хамнеи, велејќи: „Не Ајатолаху, вистинското прашање е зошто Твитер ви дава бесплатен пас за да ја користите нивната платформа за да ги истуркате геноцидните закани за конечно решение против најголемата еврејска заедница во светот - Демократската држава на Израел? “.

Твитот на Хамнеи се совпадна со сослушувањето во Комитетот за трговија, наука и транспорт на американскиот Сенат, каде што извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, како и извршните директори на Фејсбук и Гугл, беа испрашувани за слободата на говорот и уредувањето на содржината.

На сослушувањето, Дорси беше запрашан од републиканските сенатори зошто твитовите на американскиот претседател Доналд Трамп беа обележани дека содржат „погрешни или потенцијално штетни информации“, но контроверзните твитови од други светски лидери и диктатори не беа проследени со таква акција.

Твитер и Фејсбук го санкционираат Трамп за дезинформации

Претседателот на Сенатот за трговија Роџер Викер конкретно го праша Дорси за твитовите од Хамнеи, кои, според него, го величаат насилството. Меѓу нив и твитот објавен во мај во кој се вели:

„Ние ќе поддржиме и ќе и помогнеме на која било нација или на која било група која се противи и се бори против ционистичкиот режим и не се двоумиме да го кажеме ова“.

Иранските официјални лица за Израел велат дека е ционистички режим. Исламската република, каде што живее најголемото население на Евреите на Блискиот исток надвор од Израел, не го признава Израел.

„Не најдовме дека тие ги кршат нашите услови“, одговори Дорси.

Но, во 2019 година, профилот на Хамнеи на Твитер беше привремено забранет за повторување на фатвата издадена од основачот на исламската република, ајатолахот Хомеини, против авторот Салман Ружди.

„Пресудата на Имам Хомеини во врска со Салман Ружди се заснова врз божествени стихови и исто како божествени стихови, таа е цврста и неотповиклива“, се вели во твитот.

Портпарол на Твитер тогаш изјави дека твитот ги прекршил правилата на платформата. „Против нашите правила е да упатуваме специфични закани за насилство или желба за сериозно физичко оштетување, смрт или болест на индивидуа или група на луѓе“, рече тогаш портпаролот.

Сметката на Хаменеи на Твитер беше повторно активирана по отстранувањето на твитот.

САД ставија на црна листа 18 ирански банки

Во минатото, некои критичари сугерираа дека на Хамнеи и други ирански официјални лица не смее да им се дозволува да го користат Твитер.

Други велат дека Твитер е една од ретките платформи каде што Иранците можат да ги оспоруваат и критикуваат коментарите на нивните лидери, вклучувајќи го и Хамнеи, критика која се смета за црвена линија во Иран и која однесе многумина во затвор.

Една таква реакција пристигна на 28 октомври од поранешниот политички затвореник Зиа Набави, кој мина скоро девет години во затвор откако беше уапсен по спорните претседателски избори во 2009 година и бруталната државна акција што следеше по неа.

„Не можете да давате насоки за слободата на изразување во Франција кога критиката кон вас во вашата земја може да резултира со две години затвор“, наведе Набави, без да го именува Хамнеи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG