Достапни линкови

Илјадници се собраа во Париз да му оддадат почит на убиениот наставник


Демонстрантите во Франција држеа плакати на кои пишуваше „Јас сум учител“ и положија цвеќе во знак на спомен на наставникот Самуел Пети, кој беше обезглавен бидејќи на неговите ученици им прокажувал карикатури од пророкот Мухамед.

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Париз на 18 октомври да му оддадат почит на наставникот кој беше обезглавен од страна на етнички Чеченец, бидејќи на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед.

Демонстрантите положија цвеќе на плоштадот во центарот на Париз и држеа плакати на кои пишуваше „Не за тоталитаризмот на мислата“, „Јас сум учител“, во знак на спомен на жртвата Самуел Пети.

„Апсолутно е важно да ја покажеме нашата мобилизација и нашата солидарност, нашата национална кохезија“, ијави министерот за образование Жан-Мишел Бланке за „Франс 2“ повикувајќи ги сите да ги поддржат наставниците.

Собири исто така беа организирани во Лион, Тулуз, Стразбур, Нант, Марсеј, Лил и Бордо.

Пет беше убиен на 16 октомври од страна на 18-годишен чеченски бегалец роден во Москва по име Абдулах А, соопштија француските власти.

Убиецот беше застрелан од полицијата кратко откако го обезглавил наставникот, во близина на школото во предградието на Париз.

47-годишниот наставник по историја и географија претходно овој месец на учениците им покажувал карикатури од пророкот Мухамед, како дел од дискусија во класот за слободата на изразување.

Француските медиуми известија дека дискусијата предизвикала поплаки од родителите на некои ученици, вклучително татко на една ученичка кој повикал на онлајн мобилизација против Пети.

Муслиманите веруваат дека секое покажување на Мухамед е богохулно.

Таткото на ученичката и познат исламистички милитант се меѓу уепсените, заедно со неколку членови на семејството на осомничениот.

„Франс 24“ соопшти дека 11 осомничени биле уапсени на 18 октомври, цитирајќи судски извори.

Полицијата соопшти дека не знае дали убиецот имал некаква врска со училиштето. Тој живеел во градот Евру.

Франција забележува серија од насилни напади извршени од исламистички милитанти во последните неколку години. Таа има најголемо муслиманско население во Западна Европа, со околу пет милиони приврзаници.

XS
SM
MD
LG