Достапни линкови

САД ставија на црна листа 18 ирански банки


Илустрација

Вашингтон го стави на црната листа буквално целиот финансиски сектор во Иран, што е уште еден дополнитеен удар за иранската економија веќе погодена од санкциите на САД. На листата се најдоа 18 ирански банки кои досега избегнуваа од повеќето санкции на САД воведени од администрацијата на Доналд Трамп, по повлекувањето на Соединетите држави од нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и светските сили.

„Денешната акција за идентификување на финансискиот сектор и санкционирање на осумнаесет големи ирански банки ја рефлектира нашата заложба да го запреме недозволениот пристап до американски долари“, изјави доцна синоќа американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Администрацијата на претседателот Трамп веќе неколку месеци на назад воведува санкции за физички лица и правни субјекти од Иран за да го натера Техеран да преговара за нов нуклеарен договор.

Критички, ова банирање на 18-те ирански банки ги изложува на казна странските неирански финансиски институции за деловно работење со иранските субјекти кои се на црната листа - ефикасно отсекување на Иран од меѓународниот финансиски систем.

XS
SM
MD
LG