Достапни линкови

Филипче: Тројца со лесно влошена состојба, рестораните да работат до 18 часот


Вчера во текот на попладнето СЗО прогласи пандемија што беше очекувано. Јас имав разговор со регионалниот директор на СЗО за Европа, нема генерални препораки за било која земја, но има право да воведе автентични мерки како и до сега и секогаш во консултација со нив, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, на претпладневната прес-конференција на која информираше за моменталната состојба со коронавирусот во земјава.

„Од 9-те пациенти, 6 се во стабилана состојба, кај тројца од нив има лесно вошување на состојбата, поотежнато дишење, но се уште нема потреба од распираторна поддршка. Пациентите се над 65/6 години. Во текот на ноќта немаше, но утрово има пријавен пациент на Инфективната клиника, ги очекувам резултатите, ќе известиме кога ќе бидат готови“, рече Филипче.

Министерот информираше и дека вчера била назначена нова директорка на Клинката на дерматологија.

„Утрово на редовниот состанок со Комисијата за заразни болести, разгледавме низа дополнителни мерки. Имавме разговори и со колеги од Италија, кои укажаа дека во одредени делови во земјата, пред се во северните, дури после воведување на најригоризните мерки, повеќе нема регистрирано нови случаи. Затоа сега воведуваат и во другите делови. Тоа укажува дека треба да бидеме порадикални, како надополнување на мерките, а владата ги прифати“, информираше Филипче.

Тој посебно се осврна на мерките што се однесуваат на јавните места, како ресторани, кафулиња, кино салите...

„Забрана на јавни и приватни собири. Кафетерии и ресторани ќе работат до 18 часот со преполовен капацигет за дистанца од метар ипол до два. Целта на мерките не е полнење на кафичите и рестораните. Да се откажат сите кино проекции. Ова важи и за избегнување на масовни собири во кладилниците. Продолжување на терапија на хронични пациенти кои до сега требаше да одат на лекар специјалист од следните денови, ќе го прават тоа на матичниот лекар. Ова нема да важи за ново дијагностицирани пациенти, кои мора да одат на лекар специјалист. Верските заедници да се придржуваат на мерките на претпазливост предложени од владата“, нагласи министерот.

Во текот на денот ќе се презентира планот за финанскиска поддршка, доколку има потреба во согласност со со динамика на одвивање на сите работи. Во однос на цените на материјалите, додаде Филипче, доколку се утврди неправилност, ќе ги превземеме сите мерки и санкции.

„Не е прифатливо, цената да се зголемува за 20 или 30 пати. Дел од аптеките каде се заврши проверката, покажаа дека увозните цени се зголемени“.

XS
SM
MD
LG