Достапни линкови

Среќен распуст вредни родители


Илустрација: Среќна жена
Илустрација: Среќна жена

Родителите конечно може да здивнат од онлајн настава и пишување домашно. Преку глава им дојде и од просто-проширени реченици и од талесови теореми. Се чини дека најмногу му се израдуваа на распустот.

Училишното ѕвонче годинава се одлогира, наместо да заѕвони за крај на школската година. Учениците од март, кога поради пандемијата на коронавирус, беа затворени училиштата, следеа онлајн настава. Според реакциите на социјалните мрежи, се чини дека најрадосни поради крајот на учебната година се родителите на основците, кои во изминативе три месеци имаа време повторно да пишуваат домашни и да повторат за дропки, вадење пред заграда, подмети и прироци. Изгледа дека им е доста.

Дел од родителите се чувствуваат како да ја работеле работата на наставниците.

Од друга стана, пак, наставниците се истовремено и родители, па во исто време додека држат онлајн настава по македонски за 30 деца, треба да им ја објаснуваат и Талесовата теорема на сопствените две.

Родителите, кои повторно „завршија“ трето одделение се надеваат дека од септември нема да мора да учат четврто. Други, пак, иронизираат со вториот бран заразени со коронавирус.

На професорите, пак, им недостига џагорот за крај на годината.

Во меѓувреме, трудница-лекарка, што всушност не била лекарка, отишла да се пораѓа на ГАК, но не кажала дека свекор ѝ е заболен од коронавирус. Кога вработените дознале, таа не дозволила да ја тестираат и отишла да са породи во Ремедика. Сега во изолација се вработени и во државната и во приватната болница.

Големо внимание предизвика информацијата дека турбо-фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ е заболена од коронавирус. Со оглед дека на прославата за раѓањето на нејзиниот внук пред неколку дена присуствуваше речиси целата српска естрада, Пинк во наредниот период веројатно ќе остане без ѕвезди.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG