Достапни линкови

Филипче: Уште една жртва, 25 новозаразени и нови 5 излекувани


Министерот за здравство, Венко Филипче

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Според него, пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Министерот информираше и дека од болница се излекувани и отпуштени 5 лица.

„Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, наодот е позитивен на Ковид-19. Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата - по градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 354 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 183
Куманово – 54
Дебар – 47
Штип – 15
Прилеп – 12
Тетово -13
Струга – 9
Велес – 6
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 1
Гевгелија – 2
Струмица- 1
Крива Паланка – 1
Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2. Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19.

XS
SM
MD
LG