Достапни линкови

Студиите не се само предавања на интернет


Протест против целосна онлајн настава за учебната година 2020/2021
Протест против целосна онлајн настава за учебната година 2020/2021

Лекцијата што ја имаа професорите и студентите во претходниот период, кога факултетите се организираа за неколку недели и се префрлија од класична во онлајн настава, ги научи многу. Оваа академска година полесно се префрлија на "објавувања на предавања на интернет", но што е со социјализацијата?

Теа Михајлова студентка на медицински факултет во шеста година вели дека почетокот на студентска година почнал многу поразлично од досегашните искуства со едукацијата поради пандемијата во светот.

"Започнавме со хибридна настава која и покрај тоа што во ваква ситуација е најдобра опција, сепак си има свои недостатоци. Предавањата се изведуваат преку платформата "Микрософт тим" и на овој начин се достапни за сите, што е многу голема предност. Вежбите за студентите кои ги слушаат клиничките предмети се организирани со физичко присуство и тоа се покажа соодветно, но начинот на кој досега бевме навиканти не е ист. Не сите вежби може да се изведат регуларно, некои се редуцирани или заменети со онлајн презентирање на случаи. Причината за ова пред се ризичните групи на пациенти кои доаѓаат на клиника како и преголемите обврски што моментално "се накалемени" на докторите, но и соодветната опрема што не ја поседуваме си зема удел. Студентите од предклиничките предмети односно тие до трета година се најпогодени. Образованието го добиваат непречено, но сепак социјалниот аспект изостанува" вели Теодора која е и претседател на Факултетското студентско Собрание на Медицинскиот факултет.

Пропуштеното поради пандемијата - предизвик во иднина

Дел од професорите и студентите посочуваат дека новиот семестар кој почна од октомври е подобро организиран, и оти наставниот процес не е стихиен како пролета во март кога првпат преку ноќ се затворија факултетите поради корона вирусот и наставата почна да се одвива виртуелно.

Но, проблематично е што има студенти кои немаат технологија. Тоа се деца чии родители немаат пари за комјутер, а дел од нив и изгубиле работа во пандемијата и тоа влијаело и материјално и психолошки.

Професори велат дека има и студенти кои слушаат настава од мобилен.

Од друга страна , многу студенти и професори и натаму веруваат дека наставата преку интернет не ги има истите ефекти како и редовната училишна настава укажувајќи дека студирање не е само предавање туку и контакти и дружења.

Како и да е со сите предности и маани, за кои заклучоци ќе може да се извлечат подоцна, часовите на универзитетите во Македонија започнаа на почетокот на октомври. На студентите во одредени денови им е овозможено и да се вратат и во клупите, во помали групи заради изведување на практичниот дел од наставата , но најголем дел од часовите сепак се изведуваат на интернет.

Видео - Слободоумни за онлајн наставата

Онлајн учењето - Успешно или не?
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:01 0:00

Но, се чини дека најпогодени од одлуките што доаѓаат од комисијата за заразни болети се студентите на факултетите кои треба да имаат многу повеќе часови со практична настава, како што се медицинскиот факултет, градежниот, природните науки. Се разбира дека одлуките на здравствените власти се оправдани во ситуација кога бројот на заразени забрзано расте, но сепак тоа негативно може да влијае на наставниот процес и способноста на студентите да учат на ист начин како шти тоа го правеа минатата академска година.

Младите живеат онлајн, па зошто не и во образованието

Новина во секојдневието на студентите од Медицинскиот факултет од неодамана е и понудата што ја добија од Министерството за здравство за волонтирање во Центрите за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат во Скопје поради пандемијата. Работата на студентите им се одвива од 8 до 14 часот и се состои од пополнување на телефонски епидемиолошки анкети со пациенти суспектни на ковид, составување на решенија за самоизолација и пружање помош на еподемиолозите ако е потребно.

"Ангажирани сме како доброволци, а не како волонтери, односно без договор или платен надомест, но со тоа го извршуваме стажот по јавно здравје кој вообичаено го имаме во шеста година" вели Теа Младеновска. Таа како иден медицински работник по примерот на искусните колеги препорачува луѓето да ги почитуваат протоколите и да не губат надеж, дополнувајќи дека луѓето треба најпро да бидат самите промената која сакаат да ја видат во светот.

Со онлајн настава полесно се стекнува знаење?

Но, има и студенти кои сметаат дека со онлајн настава полесно се стекнува знаење. Студентка на втора година на Институтот за билогија во Скопје вели дека виртуелното учење има предности зашто им овозможува на студентите да учествуваат во квалитетна настава без оглед на географското растојание, распоредот на часови и слични работи.

Па така ако се земат предвид и сите трошоци што ги има студентот во традиционалната форма на образование како на пример трошоци за превоз, и за храна, за некои студенти, пред се оние кои студираат во помали групи онлајн наставата се покажува како добар модел, а учењето преку интернет чини помалку, но и одзема помалку време.

"Мене ми одговара да има модел на онлајн студирање. Претходно минатата година по цел ден бев на факултет, на предавања и вежби. За да стигнам на факултет и да се вратам требаше да чекам автобус а сега сè што ви треба за да започнете да учите на Интернет е интернет врска и компјутер, а сите други ресурси потребни за учење се на интернет, на едно место", вели таа.

Дали ќе станеме емотивно рамнодушни

Оваа студентка од Скопје има впечаток и дека интернет-учењето овозможува особено динамична интеракција помеѓу професорите и студентите, како и на студентите едни со други. Секој има можност да придонесе за наставата со иницирање или учество во дискусии поврзани со одредена тема,вели таа.

"Подобра ни е комуникацијата од претходно. Имаме група на фејсбук, постојано сме во комуникација и си помагаме и се подржуваме. И професорите ако им поставиш прашење за некој дилема или што и да е веднаш одговараат на меил. Можеби зошто имаме добри професори" вели нашата соговорничка.

Покрај тоа таа вели дека студентите на нејзиниот факултет имаат можност да посетуваат разни вежби и практични часови кои се изведуваат во помали групи и со почитување на протоколите за безбедност преку носење заштитни маски и ракавици.

"Две недели имаме онлајн настава, а две недели практична настава во лабараторјиа. Се организираме во помали групи", наведува таа.

Дополнува дека со онлајн учењето студентите избираат кога и како да пристапат кон учењето, бидејќи имаат постојан пристап до материјалите и часовите што ги посетуваат,наставниот материјал е централизиран и може да се пристапи од која било локација. Она што е многу важно, односно што е голема предност е овозможената интеграција и пристапот до други извори релевантни за материјалот што се изучува, вели таа.

Меѓутоа за некои предмети професори не се доволно достапни

Но, има и студенти кои не се премногу задоволни од наставата на далечина и сметаат дека и професорите треба да бидат подостапни.

Исуствата од претходната академска година покажуваа дека не сите професори им биле достапни на студентите секој ден за консултации и прашања.

Нема прецизни податоци за тоа колкав дел од професорите држеа онлајн предавања односно консултации . Можеше да се каже дека секој факултет односно професор е приказна за себе. Имаше посочувања дека на пример многу професори само „поставувале“ материјали на веб-страницата на факултетот или им ги испраќале на студентите по е-пошта, што не го олеснува наставниот процес, како и дека е факт оти голем број професори воопшто не испраќаа материјали или одржуваа часови преку Интернет.

Студентите и професорите очекуваат дека тоа ќе се промени оваа академска година и оти професорите сериозно ќе ја сфатат својата улога, а студентите својот дел од обврските.

Некои факултети потребните промени ги направија многу полесно уште на почетокот од пандемијата. Дејан Димитриев од Факултетот за Електро технички и информациски технологии вели дека нивниот факултет со посредство на ФЕИТ веднаш по затворањето на факултетите направил и усвоил механизми за одржување на наставата и на аудиторските и лабараториските вежби електронски.

"Платформата ЗООМ беше усвоена како платформа преку која се одржуваа научно наставни обврски а наставата течеше според усвоениот календар и распоред на часови. Наставата во втората половина од летниот семестар течеше според усвоената одлука и часовите и вежбите се одржуваа редовно. Факултетот во неделите што следуваа потоа направи набавка на пен таблети со кои што беше олеснета изведбата на наставата преку зуум платформата"вели Дејан кој е и член на факултетското собрание. Дополнува дека во меѓувреме за лабараториските вежби за кои има потреба се овозможило тие да се одржуваат со физичко присустсво по строги протоколи во согласност со препораките на комисијата за заразни болести и министерствто за здравство.

Тој најавува дека факултетското Собрание на студентите ќе продолжи и понатаму да ја следи реализацијата на наставата, очекувајќи дека подоцна ќе може да се извлечат и повеќе заклучоци за квалитетот на наставниот процес.

Образовните институции прекинаа со настава од 11 март, поради пандемијата од коронавирус која почна да се шири.

Ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски за Радио Слободна Европа тогаш кажа кажа дека по денесената уредба на Владата да се прекине наставата – и теоретската и практичната, Универзитетот веднаш донел Правилник за работата во такви услови. Тој наведе дека откако почна онлајн наставата, односно далечинско учење, малку невообичаено, но дури и се зголемил бројот на студените, односно учеството на студентите во наставата.

Деновиве министерката за образование и наука, Мила Царовска рече дека генерално од почетокот на учебната година до денес за 18 проценти се зголемил бројот на ученици кои следат онлајн настава.

Според неа, наставниците ги стекнаа потребните вештини, а учениците навиките и оти онлајн наставата се одвива солидно.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG