Достапни линкови

Тинејџерски воени игри за зовривање на хомофобијата во Русија


Фотографија од претставата на рускиот кадети во Јарослав, објавена на социјалните мрежи
Фотографија од претставата на рускиот кадети во Јарослав, објавена на социјалните мрежи

„Што е проблемот? Тие едноставно не сакаат хомосексуалци“. Ова беше еден од коментарите по претставата на воените кадети во руски Јарослав кои симболично удираа „геј со чекан“. Ова е само уште еден настан кој ја зоврива хомофобијата во Русија. Автор: Тони Весловски.

Тинејџери облечени во маскирни и воени кадетска униформи излегоа на сцената во локален театар североисточно од Москва, покажувајќи ги своите воени вештини како дел од прославата на годишнината за локалниот патриотски воен клуб.

Но, тоа не беше се.

Додека публиката гледаше, мажите подигнаа колега без кошула над главите, на стомакот му поставија бетонски блок на кој имаше натпис кој сугерираше дека треба да се убијат хомосексуалците и почнаа да го разбиваат симболичниот предмет со нешто што изгледаше како гумен чекан.

Многумина во толпата беа шокирани од прикажувањето за време на овој настан на 29 август во рускиот град Јарослав. Шефот на падобранскиот клуб, кој, судејќи според неговите забелешки потоа, не виде ништо лошо во хомофобичниот приказ.

„Што е проблемот? Тие едноставно не сакаат хомосексуалци. А ниту јас“, изјави Андреј Палачев подоцна за новинарите, користејќи навредлива реторика за хомосексуалците.

Хомофобија, нетолеранција во пораст?

Настапот во Јарослав е само најновиот пример за зголемена хомофобија и нетолеранција кон малцинските групи во Русија, тренд што се чини дека се влошува делумно поради навидум официјалната рамнодушност кон таквите прикази.

Хомосексуалноста беше декриминализирана во Русија во 1990-тите, но ЛГБТ луѓето со години се соочуваа со различен степен на дискриминација. Бранителите на правата велат дека пристрасноста е охрабрена со закон насочен кон „геј пропаганда“, што претседателот Владимир Путин го потпиша во 2013 година.

Оттогаш, борците за ЛГБТ права и истражувачите за злосторства од омраза објавија значителен пораст во насилството и малтретирањето против хомосексуалците и лезбејките, честопати од конзервативни активисти или оние кои ги поддржуваат православните христијански верувања.

ТВ ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ЛГБТИ на Балканот - како да се излезе од плакарот

Во Чеченија, главно муслимански регион во Северен Кавказ, ситуацијата е особено тешка, велат ЛГБТ активистите, кои го обвинуваат чеченскиот лидер Рамзан Кадиров дека има за цел сексуални малцинства, вклучувајќи употреба на киднапирања, тортура и вонсудски убиства.

За разлика од Палачев, директорот на Добрининската палата за култура, Игор Дербин, рече дека тој и другите раководители на театарот се „огорчени“ од претставата.

"Првично, настанот требаше да биде оптимистички и позитивен. Нивниот трик беше изненадување за сите нас. Не беше однапред планирано или договорено, бидејќи знаеја дека нема да го дозволиме", рече Дербин.

Игор Сидорин, кој беше сведок на приредбата, во објава на Фејсбук рече дека бил толку шокиран што поднел полициска пријава.

„И ова се случуваше на сцената додека беа присутни малолетни деца“, рече Сидорин, локален шеф на организација за ветерани кои служеа во Северен Кавказ.

Книжевен фестивал откажан поради „лезбејска“ писателка

Инцидентот во Јарослав се случи два дена пред да биде откажан книжевниот фестивал во регионот Тула, јужно од Москва, поради бројните поплаки за учеството на писателка лезбејка Оксана Васјакина.

Организаторот на настанот, Музејот за историја и архитектура Тула, на својата веб страница објави дека го откажува настанот „поради епидемиолошката состојба со коронавирусот“. Музејот не објасни што значи.


Сепак, Дарија Серенко, локална феминистичка активистка, рече дека настанот е откажан поради фактот што требало да учествува Васјакина, и таа делумно ги обвини локалните безбедносни службеници, неформално познати како „силовики“.

„ „Православните активисти“ и обезбедувачите се обидоа да ја протераат мојата пријателка, писателката Оксана Васјакина, од книжевниот фестивал во Тула, само затоа што е лезбејка. Кога ова не им успеа, тие го откажаа целиот фестивал“, напиша Серенко на Инстаграм.

Смртни закани за учесници во реклама

Некои руски бизниси кои го прифатија маркетингот користејќи прогресивни пораки, на пример прикажувајќи мултирасни групи луѓе или дури и семејства од ист пол, беа обвинети за злоупотреба од националистички и конзервативни групи во последните месеци.

Во јули, синџирот за здрава храна наречен VkusVill направи реклама во која беше претставена ЛГБТ двојка. Но, ланецот подоцна ја повлече рекламата откако беше нападнат од конзервативните активисти, од кои некои го наведоа законот за „геј пропаганда“.

Последиците за ЛГБТ двојката прикажани во рекламата беа многу пострашни: двете жени минатиот месец открија дека избегале од земјата со своето семејство, поради смртни закани од активисти.

Уште во 2019 година, на руските веб страници и социјалните медиуми се појави список со десетици имиња: хомосексуалци, лезбејки, активисти и поддржувачи на ЛГБТ каузите, дури и новинари. Читателите беа охрабрени да ги „ловат“.

Елена Григориева, активистка од Санкт Петербург, беше меѓу оние на листата. Подоцна исчезнала и нејзиното тело на крајот било пронајдено во нејзиниот стан во Санкт Петербург, избодено повеќе пати, како што кажаа активисти и познаници.


Во Северен Кавказ, руската ЛГБТ мрежа - најголемата група за поддршка на хомосексуалците и лезбејките во Русија - на 25 август соопшти дека роден Дагестанец бил киднапиран претходно оваа година во Москва и насилно донесен во Чеченија, каде што властите го притискале за информации за геј луѓе во регионот.

Неколку дена подоцна, според групата, човекот бил пуштен за да ја чува неговата мајка, но потоа успеал да го напушти регионот на Москва, и поднел полициска жалба.

Пофалба за кадетите од Јарослав

Да се вратиме назад во Јарослав каде беше одржана претставата на кадетите. Малкумина очекуваат кадетите да се соочат со какви било последици, и покрај акцијата преземена од Сидорин. Не само што официјалните претставници досега не го осудија инцидентот, туку најмалку еден локален член на владејачката партија Единствена Русија го пофали.

Олга Хитрова, член на локалната власт, претставата ја нарече „храброст и добри семејни традиции на воено-патриотско образование“.

Во објавата на Фејсбук, Хитрова, исто така, му се заблагодари на Палачев „за неговата долгогодишна работа со тинејџери“ и за неговата „лојалност кон најдобрите воени традиции и љубовта татковината“.

XS
SM
MD
LG