Достапни линкови

САД со дополнителни санкции за чеченскиот лидер Кадиров


Рамзан Кадиров

Соединетите Држави воведоа дополнителни санкции кон чеченскиот лидер Рамзан Кадиров поради „бројни и груби кршења на човековите права“.

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека повеќе од една деценија, чеченскиот лидер поддржан од Москва е одговорен за злоупотреби, вклучително и тортура и вонсудски убиства.

Вашингтон веќе воведе серија санкции против Кадиров и неговите сојузници, а најновата експанзија вклучува санкции за неговата сопруга и двете ќерки, вклучувајќи и забрана за издавање виза.

„Денешните активности служат за информирање на г-дин Кадиров дека неговото учество во грубо кршење на човековите права има последици, како за него, така и за неговото семејство и дека Соединетите Држави се посветени на користење на алатките што ги имаме на располагање за да обезбедат одговорност за оние кои тие се занимаваат со вакво одвратно однесување “,изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Вашингтон ги повика и другите земји да преземат слична акција против Кадиров и неговото семејство.

Групите за човекови права и другите организации го поврзуваат Кадиров со злоупотреби врз ЛГБТИ припадниците, бранителите на човековите права, медиумите и другите кои не се согласуваат со раководството на Кадиров.

Кадиров пак одговори на најновиот пакет санкции на неговиот профил на Телеграм.

„Помпео, ја прифаќаме борбата! Ова ќе биде интересно “, напиша Кадиров покрај фотографијата на која е тој во складиште со оружје и со два митралеза во рацете.

XS
SM
MD
LG