Достапни линкови

ЕУ ќе дебатира за „патоказот“ за укинување на блокадите за коронавирусот


Урсула фон дер Лајен

Европската комисија ќе расправа денеск за тоа како постепено да се олеснуваат мерките за задржување на коронавирусот што ја стопираа економската активност во целиот блок. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе одржи „ориентална дебата за патоказот за излез од рестриктивните мерки“ со комесарите преку телеконференција, рече портпаролот на комисијата Ерик Мамер.

Меркел: Кризата со вирусoт е најголемиот тест за ЕУ

Секоја земја во блокот е во различна фаза на пандемијата и некои национални влади повеќе од другите сакаат постепено да ги укинат строгите мерки за да го олеснат притисокот врз економијата. Неколку земји членки на ЕУ - вклучително и Австрија, Данска и Словенија - рекоа дека почнувајќи уште од следната недела тие постепено ќе исклучуваат некои ограничувања. Но,некои земји во ЕУ се загрижени дека дури со кревање на некои ограничувања, би се поткопал координираниот одговор на пандемијата во која починаа над 51.000 луѓе во Унијата, повеќето од нив во Италија, Шпанија и Франција.

XS
SM
MD
LG