Достапни линкови

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи


Сулејман Реџепи

На денешната вонредна седница на Риасетот на Исламската заедница, мнозинството муфтии (две третини) одлучило да го разреши поглаварот на ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи.

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија, Шаќир Ефенди Фетаху.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на госпидин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата претседател на Исламска верска заедница. Оваа одлука стапува на сила од моментот на донесувањето“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху по одржувањето на вонредната седница на риасетот на ИВЗ.

Реисот Реџепи во неделата на празникот Рамазан Бајрам кажа дека коронавирусот е мртов.

XS
SM
MD
LG