Достапни линкови

Развојна банка: Доставени 136 апликации за кредити од линијата Ковид 1


Развојната банка денеска ја доставува првата информација до Владата за обработените кредитни апликации кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра.

„Во првата листа до Владата се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро и мали компании кои имаат од еден до педесет вработени. Доставата на информации до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво, сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија Ковид1“, се вели во соопштението од Развојна банка.

Оттаму велат дека се очекува Владата на денешната седница да ја разгледа информацијата и да ги одобри кредитните апликации. По ова, Развојна банка ќе стапи во контакт со компаниите за реализација на договорите за кредит.

XS
SM
MD
LG