Достапни линкови

Работа на високи температури: човечкиот живот е поважен од профитот


Работници на електричен столб. Илустрација.

Забележителен број на работници се јавуваат кај нас дури и со конкретни случаи каде што работодавачот потфрла да го вклучи дури и системот за климатизација и вентилација во конкретни фабрики и претпријатија, вели претседателот на Здружението за заштита при работа, Милан Петковски во разговор за РСЕ.

Господине Петковски се соочуваме со топлотен бран. Колку работниците се заштитени во вакви услови?

Временските непогоди како што е топлото и ладното време ги погодуваат многу работниците. Доколку работодавачот ги изложи на било кој од овие услови работниците, што и да преземете не може да бидат доволно заштитени. Едноставно се применува до онаа последна мерка, тоа е запирање на работниот процес и продолжување во соодветни работни услови. Се надвор од тоа може само да предизвика работниците да го загрозат директно своето здравје, а со тоа работодавачот да го загрози дури и континуитетот на својот бизнис.

Дали имавте некакви поплаки досега од работниците. Особено од оние кои работат на отворено на високи температури?

Да, би рекол забележителен број на работници се јавуваат кај нас дури и со конкретни случаи каде што работодавачот потфрла да го вклучи дури и системот за климатизација и вентилација во конкретни фабрики и конкретни претпријатија до делот на пример каде што работниците бараат од нас да излеземе директно со препораки до работодавачите да не се работи за време на овие пикови. После 11 часот до 16 часот попладне. Секако одговараме на тие колку што е можно да направиме како една граѓанска организација. Но, она што го препорачувам е „работниците го имате бројот на Државниот трудов инспекторат свртете го, дали лично, дали анонимно и ставете до знаење на државните институции дека мора да ги заштитат вашите права“.

Има ли слух од работодавачите откако вие ќе им ставите до знаење дека работниците се жалат?

Има, има. Но, едноставно знаете од друга страна работодавачите се притиснати од оној од друг елемент, а тоа се крајните рокови. Тука мора инвеститорите да сфатат дека е многу подобро дури и да го одложат започнувањето или официјалното пуштање на објектот за можеби еден месец, отколку на пример да се загуби еден живот. Значи ова се врзани садови. Не смееме да ја загубиме човечноста од предвид само заради тоа да имаме финансиски ефекти. Едноставно човековиот живот нема цена. Можеби во одредени ситуации многу е подобро да се разговара отколку да се дојде до ситуација да се прават компромиси таму кај што не треба.

Кои се казните за работодавачите доколку не ги почитуваат мерките за заштита за време на топлотен бран?

Казните се толку намалени што би било апсурдно да зборуваме за тоа. Дури и највисоката казна која би требало да биде на пример според Закон за безбедност и здравје при работа, а тоа е кога не се спроведуваат мерките, поточно не се има оној делот на проценка на ризик на работно место со политиканство и со намалување на висината на казните сега дури е смешно да ги коментирам. Најголемата казна за еден работодавач е дека нема да биде човек, дека всушност ќе биде причина за одреден човек да го загуби своето здравје и својот живот. Ако некој тоа може да го носи до крајот на својот живот тогаш нема за што да зборуваме.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG