Достапни линкови

Проблеми во потрагата по вакцина против ковид-19


чести паузи во испитувањата за вакцина против ковид-19

Честите стопирања во процесот на пронаоѓање вакцина против ковид-19 покажуваат дека станува збор за долг пат пред да се дојде до сигурен третман на инфекцијата. Сепак, експертите велат дека ваквите паузи во тестирањето кај поголем број на луѓе се сосема вообичаена појава кога бара некој лек.

„Џонсон и Џонсон“ привремено ги паузираа испитувања за вакцина против ковид-19.

Кандидатот за вакцина на фармацевтскиот гигант со седиште во САД се смета за еден од водечките меѓу неколкуте потенцијални вакцини во светот против ковид-19.


Кога ќе има вакцина против Ковид 19 за сите?

„Ние привремено го паузиравме натамошно дозирање во сите клинички испитувања на кандидати за вакцини, вклучително и во третата фаза, поради необјаснета болест кај учесник во испитувањето“, се вели во соопштението на компанијата.

Од Џонсон и Џонсон велат дека ваквите паузи се нормални во големите испитувања на илјадници учесници.

Исто така, се забележува дека има разлика помеѓу „студиската пауза“, поттикната од компанијата и „регулаторното задржување“ воспоставено од регулаторниот здравствен орган.

„Џонсон и Џонсон“ одби да образложи за каква болест кај учесникот станува збор.

Слична пауза дојде и во испитувањата во доцната фаза на експерименталната вакцина на AstraZeneca во септември поради необјаснета болест кај учесник во Велика Британија.

Тоа доведе и испитувањето во САД да биде ставено во мирување.

Пациентот вклучен во испитувањето, наводно, страдал од невролошки симптоми поврзани со ретко спинално воспалително нарушување, наречено попречен миелитис.

AstraZeneca, со седиште во Кембриџ, соопшти дека не може да открие дополнителни медицински информации.

Испитувањата потоа беа обновени во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија.

Испитувањата за вакцина против ковид-19 продолжуваат

Притоа беше наведено дека контролорите на безбедноста му препорачале на британскиот орган за регулирање на лековите оти е безбедно да продолжат британските испитувања.

Логото на фармацевтската компанија AstraZeneca
Логото на фармацевтската компанија AstraZeneca

Во септември од „Џонсон и Џонсон“ соопштија дека нивната експериментална вакцина произведува силен имунолошки одговор против коронавирус во клиничкото испитување од раната до средната фаза.

Веднаш потоа фирмата започна испитување со 60.000 лица, чии резултати се очекуваа до крајот на оваа година или почетокот на 2021 година.

Владите ширум светот се очајни за вакцина која ќе помогне да се стави крај на пандемијата, која предизвика скоро милион и сто илјади смртни случаи и глобални економски превирања.

Водечките развивачи на вакцини во САД и Европа ветија дека ќе ги почитуваат научните стандарди за безбедност и ефикасност за нивните експериментални вакцини и дека нема да се поклонат пред политичките притисоци за брзање на процесот.


40 илјади вакцини против сезонски грип за ризичните групи

СЗО оценува дека паузата во испитувањата треба да послужи како повик за „будење“ дека ќе има подеми и падови во развојот на вакцината.

„Неизбежно е со толку големо испитување да има моменти кога ќе се појават безбедносни проблеми“, изјави Питер Опеншау, професор по експериментална медицина на Империјал колеџ во Лондон.

Инаку, во светот досега се заразени скоро 38 милион луѓе.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG