Достапни линкови

СЗО: над 170 земји во меѓународниот систем за вакцини COVAX


илустрација

Денеска е крајниот рок земјите во светот да се приклучат кон воспоставениот таканаречен Глобален пристап за вакцини за ковид-19 или скратено COVAX. „Повеќе од 170 земји се приклучија кон COVAX, добивајќи гарантиран пристап до најголемото портфолио во светот на кандидати за вакцини“, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус. COVAX е кооперативен напор, поврзан со СЗО, што ќе им овозможи на земјите да обезбедат нивните граѓани брзо да бидат вакцинирани.

Испитувањата за вакцина против ковид-19 продолжуваат

СЗО вели дека дури и владите кои склучуваат зделки со индивидуални производители на вакцини ќе имаат корист од пристапувањето кон COVAX затоа што ќе обезбедат резервни вакцини. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека нема да соработува во меѓународните напори за развој и дистрибуција на вакцина за ковид-19 затоа што не сака да биде ограничена од мултилатерални групи како Светската здравствена организација. Трамп тврди дека СЗО има потреба од реформи и е под силно влијание на Кина

XS
SM
MD
LG