Достапни линкови

Поповски: Се уште има лажни вести за Ковид-19


Министерот Роберт Поповски

Министерот без ресор задолжен за комуникации, Роберт Поповски, на денешната прес конференција предупреди дека во медиумскиот простор во земјава се уште има лажни вести и дека ќе се соберат сили „да се изборат со медиумите кои во ова време шират лажни вести“.

„Сакам да информирам дека оние кои печатат на македонски јазик добиваат 50 отсто од трошоците. Ги намаливме износите за сите ТВ станици кон Агенцијата за филм и нема корупирање на медиумите и владино рекламирање. Имаме нулта толеранција за било какви напади врз медиуми, а повикавме на професионалност и етичност кон медиумите. За жал, лажните вести се уште ги има. Поразувачки е дека 10 отсто од граѓаните веруваат дека вирусот не постои. Ова драматично ме загрижува. Вистинските информации треба да допрат до секој граѓанин. Сакам да ве замолам, за максимална професионалност. Се додека имаме граѓани кои сметаат дека нив нема да ги снајде болеста, сите ќе страдаме. Од нас зависи како ќе излеземе и како ќе се справиме со кризата“, рече Поповски.

XS
SM
MD
LG