Достапни линкови

Тролови од С.Македонија ширеле лажни вести за коронавирусот


Илустрација.

Фарма за тролови од Северна Македонија и Филипините ширеле дезинформации за коронавирусот на страници и групи на социјалната мрежа Фејсбук од интернет страница „Natural News“, по што од компанијата Фесјбук биле отстранети за спамирање и несоодветно однесување, а не за објавените содржини, објави Си-Ен-Би-Си.

Спред објавеното, од компанијата Фејсбук соопштиле дека пронашле странски тролови од овие две земји кои објавувале содржини од „Natural News“ за борба против вакцинирањето, лажни вести за коронавирусот, 5Г технологијата, Бил Гејтс, но споделувале и содржини од сетрински веб-страници за вештачки да ја зголемат посетеноста.

Исто така, во извештајот на Си-Ен-Би-Си, се вели дека Фејсбук ја забранила станицата „Natural News“ претходно и минатата година по откриени манипулации, по што следела забрана за сите корисници да објавуваат нејзини линкови.

XS
SM
MD
LG