Достапни линкови

Поглаварот Стефан: Да го прославиме Велигден дома


г.г. Стефан

Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во Велигденското послание, ги повика верниците оваа година Велигден и празниците што се слават по повод овој ден, да ги поминат во своите домови со своите семејства.

„Поминуваме низ еден период кој од нас бара послушност и воздржување. Појавата на корона – вирусот во светот, а воедно и во нашава земја, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа, да се придржуваме по советите и мерките изречени од надлежните институции, и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нè избави од оваа опасна болест“, порача г. Стефан.

Тој побара од верниците да се молат за медицинските лица, полицијата и за војската кои, како што вели Владиката, напорно се грижат за заболените и за редот во државата, како и верниците да се молат заболените да оздрават.

XS
SM
MD
LG