Достапни линкови

Со Господ напред против коронавирусот


Свештеници од Повардарската епархија на МПЦ - ОА одржуваат молитва против пандемијата на коронавирус и ги прскаа улиците во Велес со света вода

Свештеници од Повардарската епархија ги прскаа улиците со света вода и се молеа да престане пандемијата на коронавирусот. Подобро би било да се прска со осветен Дезинтал, но ако им успее, заслужуваат Нобелова награда за медицина, коментираат луѓето на социјалните мрежи.

Лекарите засега немаат чаре против новиот коронавирус наречен КОВИД-19. Се испитуваат некои комбинации на лекови чија ефикасност допрва треба да се утврди, почнати се тестирања на вакцина против болеста, но според најавите, ќе помине најмалку година и половина додека таа да биде пуштена во употреба. Лекарите во меѓувреме препорачуваат често миење раце и најважно – да се држи растојание од други луѓе за да се спречи ширењето на заразата. До тогаш – господ да ни е напомош.

Свештениците од Повардарската епархија на МПЦ се качија на камиони, коли и џипови и со света вода ги попрскаа улиците во населените места во Епархијата. Тие читаа молитви и се молеа да престане глобалната пандемија на коронавирусот. Митрополитот Агатангел ги благословил литиите кои се одржале од возила во движење за да се испочитуваат препораките на државните органи да не се собира многу народ на едно место.

Ако нема Дезинтал, можеби ќе помогне и светата вода.

Некои забележуваат дека на камиончињата има по повеќе од петмина, што е прекршување на владините препораки за спречување на ширењето на вирусот.

Други се изненадени, трети, пак, навиваат да успее.

Тие што не веруваат во молитвите, бараат од Црквата нешто поконкретно.

За крај една убава вест. По иницијатива на ортопедскиот хирург д-р Александар Каревски од Градската општа болница „8 Септември“, на Фесјбук се формираше група од околу 250 доктори, дизајнери, графички дизајнери и сопственици на 3-Д принтери, кои почнаа да изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници испечатени на 3-Д принтери. Беа направени првите 280 заштитни маски со визири, а околу 150 веќе се стерилизирани и испорачани до клиниките. Волонтерски работат 50 сопственици на 3Д принтери.

Епидемијата на коронавирусот почна во декември во Кина, но овој месец премина во пандемија, односно се рашири низ целиот свет. Од вирусот досега се заразија над 470 илјади луѓе во светот, а над 21 илјади починаа. Најмногу жртви заразата однесе во Италија и во Шпанија. Во Македонија досега има 177 потврдени случаи, а тројца починаа од болеста.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG