Достапни линкови

Многу врева за мало зголемување на платите во високото образование


. Студенти, факултети, студент. УКИМ.

Зголемувањето на платите од 10 проценти за виското обарзование е закочено во Собранието кое е пред распуштање. Од Независниот академски синдикат велат дека со ова зголемување можеби ќе се исполни ветувањето на Владата дека платите ќе растат. Сепак, просекот во образованието и натаму останува најнизок на Балканот.

Професорката Елена Џукеска од Филозофскиот факултет во Скопје вели дека зголемувањето од 10 проценти што го вети МОН не претставува доволен пораст на платите во високото образование.

До нејзиниот коментар доаѓа откако Министерството за образование и наука треба да го реализира договореното зголемување на платите за 10 проценти од февруари годинава.

"Не, секако дека тоа нема да биде доволно, нашите плати треба да бидат зголемени многу повеќе за да одговараат на реалните животни потреби. И треба да се предвиди во буџетот да се покриваат и останататите трошоци што одат со основната плата во смисла на минат труд и други додатоци што во моментов факултетите сами се обврзани да си ги исплаќаат од своите сретства, a немаат доволно пари" вели професорката Џукеска.

Статистиките покажуваат дека платите на редовен професор во Македонија се многу блиску до просечна плата, а во регионот тие се двојно повисоки од просечна плата.

Последните исражувања ппокажаа дека плата на редовен професор во земјава е 553 евра, без надоместоци за минат труд. На Косово и во Босна пак плата на редовен професор е 1200 евра, а во Хрватска 2000 евра.

Договореното зголемување се уште не е исплатено во високото образование

Но, како и да е ова договорено зголемување се уште не може да се реализира во високото образование поради пречки што во меѓувреме се појавија.

Овие 10 проценти Владата ги вети минатата есен кога професорите од средното и основното образование штрајкуваа барајќи повисоки плати. Тогаш СОНК како гранков синдикат на преговорите со МОН и со владата успеа да издејствува да се покачат платите на сите нивоа на образование, вклучително и во високото образование. Договорено беше да почне исплатата од овој месец.

За факултетите работите се искомплицираа кога пред неколку недели ректорите на државните универзитети побараа во рамки на универзитетите да се формира нов репрезентативен синдикат за високото образование кој ќе потпише колективен договор за зголемување на платите од 10 проценти

По ова реагираше и трудовиот инспекторат кој оцени дека создавањето на нови синдикати прествува прекршување на законсот за работни оддноси.

Како што е познато, државните универзитети веќе имаат синдикат, а тоа е НАКС.

Од НАКС се сомневаат дека работите почнале да се проблематизираат откако на МОН тие му понудиле колективен договор кој предвидува решавање на системските проблеми и многу поголемо покачување на платите во иднина.

Сепак, во меѓувреме, беше донесено решение, најавеното покачување на платите во високото образование да се реализира преку измени на занокот за плати во Собранието.

Но, во парламентот измените на законот за плати се уште не се донесени поради набиената агенда во Собранието кое се распушта во недела.

Зголемувањето може да се реализира преку други механизми

Професорката Мирјана Начјевска од НАКС вели дека зголемувањето на платите може да се реализира и преку други механзими.

„Манипулација е дека треба да се направи законска промена за да се направи тоа покачување. Законска основа веќе има во самиот буџет кој има законска сила, а правна основа ја има МОН во се она што претставува одредување на висината на платите во коефициенти и соодносите меѓу тие коефициенти“, вели Најчевска.

Според неа, оправдано зголемување на платите може да биде само она во кое ќе се вклучи и сумата за неипслатен минат труд.

„Елемент кој што се заборава во цела оваа кармакашија која се обидуваат да ја направат е дека со години МОН односно власта не ја исполнува обврската да го исплаќа минатиот труд во високото образование. На тој начин се присилуваат факултетите да "влечат" пари од партиципацијата на студентите или од други извори за исплата на оваа законска обврска. Тоа значи дека во моментов МОН прво овие 10 проценти наводно покачување на платите може да го направи со тоа што ќе реши да го исплати минатиот труд и на тој начин ќе ги релаксира високо образовните институции. Од друга страна, со покачување од 10 проценти, а без исплата на минат труд многу факултети и институти ќе бидат доведени во ситуација на банкрот, бидејки со така покачените плати тие нема да може да исплатат и соодветен минат труд“, вели Најчевска.

Од СОНК велат дека тие го договориле ова зголемување на платите и оти тоа сега не треба да се проблематизра од МОН. Претседателот на СОНК Јаким Неделков изразува загриженост дали Собранието ќе успее да ги стави на дневен ред измените на Законот за плати.

„ Неприфатливо е зошто договорот е направен со МОН каде што посредуваше и премиерот, а сега кога треба да се исплати одеднаш излезе дека немало основа како да се исплати. Ова е груба манипулација со вработените во високото образование кои знаеме дека имаат најниски плати на Балканот, а да не зборуваме во Европа. И сега со најобразуавните луѓе, некој си поигрува за скромни 10 проценти зголмување на плата“, вели Неделков.

Тој дополнува дека кај вработените во средното и основното образование нема проблеми и тие очекуваат деновиве да го добијат договореното зголемување на платите од 10 проценти.

Ниските плати беа причина СОНК да организира предупредувачки протест во основните и средните училишта кој се одржа на првиот ден од оваа училишна година.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG