Достапни линкови

Владата малку нуди - просветарите најавија штрајк од 11 ноември


Ученик, ученици, училиште, школо

Понудените 10 насто на Владата за раст на платите во образованието, од СОНК не ги прифаќаат и најавуваат генерален штрајк од 11 ноември. Освен ниските плати просветните работници дополнително се загрижени по најавите за реорганизација на вработените поради сериозен недостаток на ученици.

Просветните работници бараат да се зголеми платата во образованието повеќе од 10 насто и да биде тоа од први јануари, а не од април како што ни предложи Владата пред еден месец, изјави денеска престседателот на СОНК Јаким Неделков.

"Понудата од МОН ја отфрламе и барамe зголемување на платите да започне од 1 јануари и за процент повисок од 10 проценти, во спрoтивно ако тоа не се прифати зaпочнуваме со генерален штрајк од 11 ноември" изјави Неделков, по денешната седница на која присуствуваа претседателите на регионалните организации.

До ова доаѓа откако во изминатите денови синдикалните организации го разгледуваа предлогот на МОН за покачување на платите во основното, средното и високото образование, како и во науката за 10 проценти, почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.

Загрижени за работните места

Покрај ниските плати просветните работници деновиве дополнително се загрижени за сигурноста на работните места затоа што голем број училишта се соочуваат со сериозен недостиг на ученици, велат од СОНК. Синдикалниот лидер Јаким Неделков вели дека надлежното министерство засега се обидува да води социјална политика и да ги финaнсира нерентабилните училишта, но оти не знаат до кога ќе биде така.

„Имавме првични разговори со МОН од каде што се најавува рационализација. Ние бараме тоа да биде заеднички проект и да нема отпуштања од работа. Тоа да се направи со пензионирање или со префрлања на евентуален вишок на наставници од една во друга општина“, изјави Неделков.

Од Синдикатот наведуваат дека има и основни и средни училишта во кои има паралелки со по 16 или 17 ученици. Според прописите, во една паралелка треба да има од 24 до 34, а во основните од 20 до 30 ученици.

Владо Димовски од „Центарот За толеранција и доживотно учење“ вели дека доцнат реформите во уписната политика предвидена со Законот за средно образование. Тие треба да придонесат за намалување на бројот на ученици во гимназиите и нивно зголемување во средните стручни училишта. Тој посочува дека недостасуваат и учебници во средните стручни училишта, а дека на пазарот на трудот недостасува кадар.

„Државата треба да се погрижи да се направат реформите и во уписната политика која е катастрофална, затоа што гимназиите се преполни, а средните се празни. Нема кадар на пазарот на трудот, се повеќе луѓе бегаат. Во 130 компании недостасуваат 876 лица за работа, претежно, со средно стручно образование. Второ, учебниците во стручните училишта имаат само 20 отсто од учебниците“, вели Димовски.

На работа пак, просветните работници освен со овие лоши услови се соочуваат и со ниски плати и истакнуваат дека сакаат таквата ситуација да се промени.

Ниските плати беа причина СОНК да организира предупредувачки протест во основните и средните училишта кој се одржа на првиот ден од оваа училишна година.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG