Достапни линкови

Парада на гордоста vs. Марш за традиционални вредности


Прва парада на гордоста во Скопје

Во Скопје речиси истовремено тргнаа Парадата на гордоста и Маршот на гордоста, собраните поминаа по исти улици, а завршија на различни места- првите во Градскиот парк, вторите пред Соборниот храм.

Бројни поддржувачи на ЛГБТИ луѓето, денеска со знамињата на виножитото и други симболи кои демонстрираат единство и гордост, присуствуваа на првата Парада на гордоста во Скопје. Пораките кои ги испратија од македонскиот главен град, се дека различноста постои и оти таа не смее да биде причина за насилство, дискриминација и говор на омраза.

Од паркот Жена борец, преку центарот на Скопје, присутните се упатија кон Градскиот парк, каде освен говори на активисти имаше и музичка програма со музичари и артисти од земјава и регионот.

Главната цел на Скопје Прајд, како што истакнаа организаторите, е да го сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во земјата, поради стигмата, неприфаќањето и насилството со кое секојдневно се соочуват.

Едните бараа еднаквост, а другите традиционални вредности
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:12 0:00

На Парадата на гордоста во Скопје имаше и учесници од земјите од регионот. Марко Михаиловиќ дојде од Белград на првата Парада на гордоста во Скопје, за која вели дека е историска за земјата. Тој рече дека сакаат да покажат оти навистина постојат ЛГБТИ луѓето, кои според него се соочени со насилство, дискриминација и недостаток на легислативни решенија за проблемите со кои се соочуваат.

„Гледате колку луѓе дојдоа да на поддржат. Сите ние се бориме за иста кауза, сите земји на Балканот, а тоа е еднаквоста. Се уште сме далеки од тоа, но ова е голем чекор напред и среќен сум дека конечно се случува овде во Северна Македонија“, вели Михаиловиќ.

Пол Најденов од Бугарија исто така допатува во земјава за да го поддржи Прајдот во Скопје:

„Веруваме оти секоја личност заслужува слобода и има право да се изрази себеси. Тоа е причината за која сме овде, да ве поддржиме вас, да ја поддржиме Македонија“, вели Најденов.

Други поддржувачи на правата на ЛГБТИ лицата река дека сакаат да ипраатат порака дека без оглед на се, ќе се борат за нивните права и оти целиот Балкан е овде да се бори за еднаквост на сите.

„Постоиме, горди сме на тоа што го правиме и понатаму ќе се бориме за сите наши права“, рече активистка од Скопје.

Марш на гордоста: не може да се редефинираат бракот, полот и родот

Истовремено, со верски пораки, православни симболи, жени со шамии на главите, народни песни, ора, пораки "сакам традицонален брак", "здраво семејство, здраво општество" насобраните во црквата Свети Богородица во Скопје тргнаа на Маршот на гордоста. Главни во искажувањето на пораките беа поповите- да не се загрозувало тоа што било дадено од бога, бракот требало да биде само меѓу маж и жена, а некој, велат, сакал да ги натури вредностите од западниот свет.

"Ние сме тука собрани и да пратиме порака до луѓето што одлуичуваат, луѓето од политиката, оние што моментално не претставуваат и до следните некои власти дека ние како граѓани на Македонија и како верници се спротиставуваме на оној процес кој е актуелен во светот а тоа е редефенирање на бракот, семејството, полот и родот", рече отец Ивица Тодоров на почетокот на маршот.

Потоа, неколкуте илјади граѓани тргнаа кон Соборниот храм, а половина час подоцна поминаа по истата улица, кај Собранието, каде што тргнаа учесниците на Скопје прајд. Патот го поминаа со звуците на двата тапани и полицајци кои ја следеа безбедноста на улиците.

Пред Соборниот храм повторно следеа говори и аплаузи од присутните. Светлана Јованова од невладината организација Срце што чука која е против абортусот, рече дека семејството од маж, жена и дете е основна клетка.

"Денес стоиме овде и испраќаме силна порака- не ни го чепкајте семејството, не ни ги чепкајте децата", рече Јованова.

Во организацијата на настанот беа вклучени и претставници на Католичката црква, невладини организации кои себе си се промовираа како "за живот". Пред да тргнат, во Црвката Свети Богородица потпишаа и декларација за загриженост за бракот и семејните вредности

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG