Достапни линкови

Една година од убиството на Кашоги: Одговорност мора да има


Саудискиот новинар Џамал Кашоги

Пријатели, колеги и поддржувачи на убиениот саудиски новинар Џамал кашоги денеска се собраа да му оддадат почит пред Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде беше ликвидиран новинарот.

Тие се собраа точно во 13.14 часот по локално време, часот кога Кашоги влегол во Конзулатот и последен пат бил виден. Тие побараа одговорност од сите кои биле вмешани на каков било начин во убиството на нивниот роснина и пријател, пренесе АП.

По повод годишнината од убиството на Кашоги, со соопштение се огласи и Европската служба за надворешни работи.

„Денеска му оддаваме чест на сеќавањето на Џамал Кашоги, ценетиот саудискиот новинар, кој е убиен во просториите на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Кашоги и натаму претставува инспирација за новинарите и соработниците со кои беше поврзан поради неговата работа, вклучително и колегите од институциите на ЕУ. И по една година, се уште не се решени многу прашања за убиството. Потребно е да се обезбеди целосна одговорност за сите оние што на каков било начин биле вмешани во убиството, како и кредибилна и транспарентна истрага за околностите на неговото убиство“, стои во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG