Достапни линкови

На средбата со Путин, Бајден го покрена и прашањето за РСЕ како „странски агент“


Претседателот на САД, Џо Бајден и претседателот на Русија, Владимир Путин, се состанаа во Женева, Швајцарија, 16 јуни 2021 година.

Цитирајќи ја „важноста на слободниот печат“ во коментарите по состанокот со Владимир Путин, Џо Бајден го наведе и прашањето за означувањето на Радио Слободна Европа (РСЕ), за „странски агент“ што Стејт департментот го смета за обид за „присилно затворање на РСЕ“ во Русија. Роберт Коалсон

За време на самитот во Женева со неговиот руски колега Владимир Путин, американскиот претседател Џо Бајден го покрена прашањето за притисокот на Кремљ против сервисот на Радио Слободна Европа (РСЕ) во Русија.

Соединетите држави ја обвинија Москва дека се обидува да ја избрка РСЕ од Русија, наведувајќи ја како медиумска организација која е „странски агент“ и изрекувајќи парични казни против неа поради тоа што не ги исполнила барањата сите нејзини материјали да бидат обележани.

Путин негира дека Русија извршила сајбер напад кон САД

„Јас исто така ја покренав можноста на Радио Слободна Европа да работи и важноста на слободниот печат и слободата на говорот“, рече Бајден на неговата прес-конференција во Женева кога наведе некои од прашањата за кои разговараа двајцата лидери.

Бајден, Путин: Не станува збор за доверба, туку за интереси
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:43 0:00

Истиот ден, Европскиот суд за човекови права се согласи да ја сослуша жалбата на РСЕ против руската влада во врска со ознаката „странски агент“ и условите за етикетирање.

На својата посебна прес-конференција по самитот, Путин рече дека Бајден го покрена прашањето за работата на, како што рече, „нивните слободни Европа во Русија“.

Тој го повтори тврдењето на Кремљ дека обележувањето на сервисот на РСЕ на руски јазик - вклучително и на „Тековно време“, мрежа раководена од РСЕ во соработка со Гласот на Америка - како „странски агенти“ е одговор на одлуката на САД од 2017 година со која е принудена руската државна мрежа РТ, позната како Russia today, да се регистрира според законот од 1938 година наречен Закон за регистрација на странски агенти - ФАРА.

„Треба да се напомене дека Русија денес ги исполнува сите барања на регулаторите на САД и законот - тие се регистрираа како што се бара и така натаму“, рече Путин, додавајќи: „За жал, американските медиуми не ги исполнуваат целосно барањата на рускиот закон“.

ФАРА не бара секоја вест да биде етикетирана како производ на медиумска организација „странски агент“.

Одлуката на САД да ја принудат РТ да се регистрира уследи откако американското разузнавање во јануари 2017 година утврди дека Русија денес и руската новинска агенција Спутник шират дезинформации како дел од напорите на Кремљ да ја поткопаат вербата во американската демократија и да влијаат врз претседателските избори во 2016 година во корист на републиканскиот кандидат и евентуален победник Доналд Трамп. Москва го негираше тоа.

Во Женева, Путин изрази „надеж“ дека, како што рече: „ќе успееме да го решиме тоа“ дипломатски.

Руски суд одби жалба на соработник на Радио Слободна Европа

Во изјавата по самитот во Женева, претседателот на РСЕ, Џејми Флај, ја отфрли ознаката „странски агент“.

„Новинарите на РСЕ не се ‘странски агенти’. Тие се патриоти Руси кои само се обидуваат да им служат на своите сограѓани давајќи им објективни вести и информации. Тековните напади на Кремљ против нашите новинари и други независни медиуми служат само за да му се одземе правото на рускиот народ за пристап до нецензурирани информации“, рече Флај.

Законодавството за т.н. „странски агент“ на Русија беше усвоено во 2012 година и постојано се менуваше. Потребно е невладините организации кои добиваат странска помош и за кои владата смета дека се занимаваат со политичка активност, да се идентификуваат како „странски агенти“ и да се подложни на ревизии. Подоцнежните модификации беа насочени кон медиуми финансирани од странство.

Во 2017 година, руската влада ги стави на списокот руските сервиси на РСЕ и на Гласот на Америка. На крајот на 2020 година, законодавството беше изменето за да ѝ се овозможи на руската влада да вклучи поединци, вклучително и странски новинари, на својата листа „странски агенти“ и да воведе ограничувања за нив. Неколку соработници на РСЕ беа ставени на списокот во декември 2020 година.

Според донесените правила, наведените медиуми треба да ги одбележуваат нивните материјали со долга најава, сите радио материјали со аудио изјава и сите видео материјали со текстуална декларација од 15 секунди.

Стејт Департментот предупреди на одговор доколку Русија го затвори РСЕ

РСЕ ја отфрла ознаката „странски агент“ и одби да ги почитува правилата, по што се покренати стотици жалби против проектите на РСЕ. Вкупните казни за тоа може да изнесуваат повеќе од 3 милиони долари. РСЕ ги нарече казните „кампања на принуда и заплашување, спонзорирана од државата“, додека американскиот Стејт департмент ги оцени како „неподносливи“.

Хјуман рајтс воч смета дека законодавството за странски агенти е „ограничувачко“ и има за цел „да ги демонизира независните групи“.

Во април, портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс рече дека „постапките на Русија против РСЕ и другите медиумски организации означени како таканаречени „странски агенти“ одразуваат значителна нетолеранција.

„Доколку руската влада продолжи да се движи кон присилно затворање на РСЕ, ние ќе одговориме“, рече Прајс, без повеќе детали. Додека Russia today ги дистрибуира своите програми слободно во Соединетите држави на кабелска телевизија, Радио Слободна Европа и Гласот на Америка немаат пристап до кабелска телевизија во Русија.

РСЕ имаше договори за дистрибуција со скоро 100 радио канали внатре во Русија, но ги изгуби сите до 2012 година по кампањата на притисок од властите. РСЕ е уреднички независна медиумска компанија финансирана од Конгресот на САД преку американската Агенција за глобални медиуми. Секоја недела, скоро 7 милиони луѓе ги посетуваат порталите на РСЕ во Русија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG