Достапни линкови

Нарачавте блекџек или рулет?


Илустрација

Изјавата на премиерот Зоран Заев дека дел од казината се деливери, предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Тоа може да биде интересен бизнис модел во време на коронавирус, шеговито коментираат дел од луѓето.

Доаѓа крупие со маска, вади шпил карти, ѕвони на врата и ве прашува: „Нарачавте Блекџек?“ Потоа на плочникот пред врата ги реди картите, вие бирате, тој што прв ќе стигне до 21 добива, по што се раздолжувате и крупието заминува на нова адреса. Ова би бил интересен бизнис модел за работа на коцкарниците во време на пандемија на коронавирус, ако се следи изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во интервју на Телевизија Сител, која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

На прашањето што е причината казината да останат отворени, додека угостителските објекти треба да затворат во 21 часот, Заев вели дека „дел од казината се деливери, значи доаѓаат како и испораката што ја зимате за носење дома, не останувате овде“.

Дел од оние со искуство во работата потсетуваат дека „деливери“ имало и претходно во коцкарскиот бизнис.

Други, пак, се шегуваат дека ако може казино со достава, зошто да не може и други работи.

Некои, пак, се прашуваат како би изгледало казиното со достава.

Владата пред два дена донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот - угостителските објекти мора да затворат до 21 часот, а потоа ќе може да работат само за продажба на храна преку шалтер или за достава до дома, се воведе забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот и се препорачува граѓаните по 21 часот без поголема потреба да не се движат на јавен простор. Забраната не важи за рестораните на аеродромите во Скопје и во Охрид, како и за рестораните во хотелите кога служат сопствени гости.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG