Достапни линкови

Здраво, не го чистите вашиот мобилен телефон? Треба и еве како


Чистење на мобилниот телефон со марамче
Чистење на мобилниот телефон со марамче

За да се заштитат од заразување со коронавирусот, Светската здравствена организација ги советува луѓето не само да ги мијат рацете често, туку и површините со кои доаѓаат во контакт. Мобилните телефони спаѓаат во таа категорија.

За многумина од нас, паметните телефони речиси ни стана уште еден додаток. Поминуваме саати на нив, поврзувајќи се со нашите пријатели, читаме вести, играме игри или гледаме видеа.

Според едно истражување, просечно едно лице го фаќа својот мобилен телефон повеќе од 2.000 пати дневно.

Сите тие контакти значат дека телефоните можат да бидат дом на многу бактерии и вируси. Многу од тие микроорганизими можат да бидат животозагрозувачки, но моменталната пандемија со коронавирусот може да биде смртоносна.

Чистење на мобилниот телефон со средство за дезинфекција
Чистење на мобилниот телефон со средство за дезинфекција

И покрај тоа што е многу заразен, коронавирусот е отпорен, и може да се задржи во воздухот или на површини за доста долго време. Колку долго? Тоа зависи. Анализа објавена на 17 март во Магазинот за медицина Нова Англија вирусот може да се задржи во воздухот до 3 часа, на бакар до 4 часа, на картон до 24 часа, и на пластика и нерѓосувачки челик до 72 часа.

Најдобра одбрана од добивање на коронавирусот, според Светската здравствена организација е луѓето не само да си ги мијат често своите раце, но и површините со кои се често во контакт. Паметните телефони спаѓаат во таа категорија.

Тогаш, како треба да го чистите ова скапо парче технологија без да го оштетите?

Најпрво, треба да направите неколку работи.

Екранот на паметен телефон е покриен со она што се нарекува „олеофобичен слој“. Овој тенок слој е дизајниран да ги задржи отпечатоците од прсти и од влага.

Средствата за дезинфекција или некои марамчиња можат да го оштетат екранот. Не ги користете тие.

Чистење на мобилниот телефон со средство за дезинфекција
Чистење на мобилниот телефон со средство за дезинфекција

Па тогаш што да користам? Епл неодамна ја обнови својата листа со предлози за чистење, советувајќи да се користат марамчиња со 70% исопробил алкохол. Алкохолот брзо испарува и ги отстранува сите микроорганизими од површината на телефонот.

Но доколку немате марамчиња или крпа, што треба да направите?

За среќа има едноставни и ефективни алтернативи: сапун и вода. Прво, не го потопувајте телефонот дури и доколку е отпорен на вода. Земете мало парче на ткаенина или хартиено марамче, додадете сапун кој содржи детергент. Исчистете го телефонот, па потоа со друго парче ткаенина или хартиено марамче кое ќе биде малку наводенето. Откако ќе го отстраните сапунот, оставете го телефонот да се исуши. Тоа е се. Вашиот телефон сега треба да нема бактерии, или барем да има помалку.

Чистење на мобилниот телефон со антибактериско марамче
Чистење на мобилниот телефон со антибактериско марамче

Колку често треба да го чистите вашиот телефон? Тоа зависи од тоа колку го употребувате, но Филип Тиеро, професор од Клиниката за микробиологија и патологија на Њујоршкиот Универзитет за медицина Лангон вели дека треба да го чистите два пати дневно „еднаш наутро и еднаш навечер“.

XS
SM
MD
LG