Младите во Кабул загрижени за нивната иднина под талибанците
Талибански борец поминува покрај салон за убавина во Кабул, 18 август 2021 година
Додека Талибанците ја зацврстуваат контролата во главниот град на Авганистан, многу млади луѓе се плашат дека ќе ги загубат стекнатите слободи. Фарангис Наџибула
Два дена откако Талибанците триумфално влегоа во авганистанската престолнина на 15 август, истиот ден кога претседателот Ашраф Гани избега во странство милитант со оружје му наредил на 24-годишниот кројач Ахмад Давуд да ја затвори продавницата за фустани на улицата Лиси-Маријам, трговска област во главниот град.
„Тој ми рече дека на мажите не им е дозволено да прават фустани за жени“, вели Давуд. Тоа јасно го означува крајот на неговиот популарен бизнис, бидејќи повеќето од неговите клиенти се жени.
Давуд сега мора да бара друга работа. Неговите стари родители и помладите браќа и сестри зависат од неговата работа, која првпат ја презел како чирак на 15-годишна возраст за да го издржува своето сиромашно семејство.
„Сега ја намалуваме храната, имаме доволно пари за да се минеме само еден месец“, вели Давуд за РСЕ, додавајќи: „И мојот брат, полицаец, ја загуби работата, а моите две сестри се дома затоа што нивните училишта се затворени. Толку многу промени за само неколку дена“.
Пазарите и пекарите остануваат отворени во градот со повеќе од 4,4 милиони жители, иако цените на храната скокнаа и има значително помалку клиенти отколку порано.
Многу локални медиуми ја продолжуваат својата работа, а некои канцелариски работници - главно мажи - се враќаат на своите работни места. Обновен е дел од јавниот превоз, иако со сериозно намален број возила.
Но, и покрај тие знаци на нормалност, животот во Кабул „запре“ за жителите како Давуд и неговите браќа и сестри, кои чекаат да видат во која насока тврдокорната група има намера да ја води нивната земја.
„Нашето училиште е затворено и сѐ уште немаме официјални упатства за тоа кога ќе го отвориме и какви промени ќе има образовниот сектор“, вели 25-годишниот наставник Башир Форог.
Училиштето на Форог, во центарот на Кабул, нагло беше затворено денот кога владата поддржана од ОН падна и Талибанците повторно влегоа во градот, речиси две децении откако беа соборени од меѓународните сили предводени од САД како одговор на планираните напади на 11 септември и координирани од водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен од авганистанска територија.
Ученици желни да се вратат на училиште
Форог вели дека на денот кога талибанците влегоа во Кабул родителите панично брзаа на училиште за да ги соберат своите деца и училишната зграда беше напуштена за еден час.
„Никој не ни кажува што ќе се случи со училишната програма, униформата на учениците или иднината на мешаните часови за девојчиња и момчиња откако ќе отвориме повторно“, вели Форог. Тој додава дека често добива телефонски повици од родители на ученички кои „се желни да се вратат на училиште, дури и со нов, построг кодекс на облекување“.
Талибанците изјавија дека не се противат на образованието на девојчињата и работењето на жените сѐ додека носат исламска облека, иако се чини дека извештаите на очевидци од целата земја го негираат ваквото ветување.
Висок функционер на Талибан дури даде интервју за женска телевизиска водителка во Кабул, бидејќи ултраконзервативната исламистичка група се обидува да се ребрендира како поумерена сила отколку пред две децении.
Талибанските власти инсистираат дека ќе ги почитуваат правата на жените во рамките на нормите на исламот, но тие не објаснуваат што значи тоа. Повеќе новинарки и службенички велат дека биле испратени дома од талибански милитанти.
„Ништо не е јасно, Талибанците не кажуваат ништо јасно и тоа ги загрижува младите“, вели Разма Саад студентка од Кабул. Пред помалку од два месеца, Саад беше поголема оптимистка во врска со изгледите да се живее под талибанска власт, велејќи дека групата „можеби се променила“.
Говорејќи за РСЕ во средината на јули, Саад рече дека се надева оти може да ги продолжи студиите и дека „ситуацијата нема да биде толку лоша како што многумина се плашат“.
Саад сега вели дека е загрижена од „нејасниот јазик“ на Талибанците. Таа вели дека многу нејзини блиски пријатели го напуштиле Авганистан во последните недели. Саад останува во Кабул. Таа сѐ уште се надева дека Талибанците ќе ги ублажат некои од најстрогите ставови и ќе ги почитуваат желбите на луѓето ако сакаат ефективно за владеат.
Излевање на мозоци
Многу Авганистанци се скептични дека Талибанците ја сменија својата угнетувачка политика кога владееја со поголемиот дел од Авганистан помеѓу 1996 и 2001 година, наметнувајќи строга форма на исламскиот закон.
Младите Авганистанци пораснаа под владата поддржана од ОН, навикнати на релативни слободи, како што се посетување секуларни училишта, слушање музика, носење модерна облека и спортски трендовски фризури.
Стравувајќи за својата иднина, десетици илјади Авганистанци се собраа на меѓународниот аеродром во главниот град од 15 август, очајно барајќи да излезат од земјата. Соочени со изгледите за одлив на мозоци, Талибанците ги повикуваат Авганистанците да останат во земјата и да ѝ служат на сопствената нација.
Но, најакутната криза на човечки капитал во Авганистан може вештачки да ја создадат самите Талибанци, доколку ги затворат вработните жени - милиони учителки, медицински лица, полицајки и други - во нивните домови.
„Талибанците не можат да ја развијат земјата ако половина од населението - жените - исчезнат од јавниот живот“, вели Махјабин Рамз, од Кабул. Со диплома за новинарство, Рамз доби понуда за работа од локален медиум само неколку дена пред падот на Кабул.
Оваа недела, Рамз доби телефонски повик од истиот медиум во кое се вели дека на неодредено време му го суспендирал вработувањето.
Парите не се сѐ
Сѐ изгледа како вообичаено за Шапур, кој води две успешни аптеки во Кабул и живее удобен живот со своето младо семејство во новоизградена куќа во богатиот кварт на населбата Хаирхана.
Двете негови продавници остануваат отворени. Иако овие денови има помалку клиенти, Шапур е уверен дека бизнисот наскоро повторно ќе започне.
Но, вели тој, парите не се сѐ. Шапур не сака неговото семејство да го изгуби она што тој го опишува како „мали детали“ на нивните слободи: да излезе на вечера со својата сопруга, да ѝ купува цвеќиња за Денот на вљубените, или да може неговата сопруга да оди во салон за убавина.
Фотографии на очајно бегање од Авганистан
1/20Мноштво луѓе чекаат на пистата на кабулскиот меѓународен аеродром Хамид Карзаи на која има транспортен авион Ц-17 подготвен за полетување на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
2/20Луѓе се обидуваат да влезат на аеродромот во Кабул за да ја напуштат земјата на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
3/20Луѓе во редица за да се качат на воен авион додека се евакуираат од аеродромот во Кабул на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
4/20Голем број луѓе се собраа долж источниот раб на аеродромот во Кабул.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
5/20Толпи луѓе се собираат пред аеродромот на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
6/20Британски и канадски војници му помагаат на Авганистанец да се качи на ѕидот додека тој и другите чекаат во близина на делот од аеродромот што е контролиран од странски воени сили.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
7/20Луѓе се туркаат да влезат на Меѓународниот аеродром Хамид Карзаи со надеж дека ќе побегнат од земјата
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
8/20Поглед одозгора на луѓе кои се движат низ контролните пунктови на аеродромот во Кабул.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
9/20Луѓе чекаат да бидат евакуирани на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
10/20Сателитска снимка од 23 август покажува толпи луѓе кои се спуштаат на аеродромот во Кабул.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
11/20Луѓе се качуваат на транспортен авион среде евакуација на аеродромот.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
12/20Семејства се качуваат на транспортен авион на американските воздухопловни сили за време на евакуација на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
13/20Толпи луѓе и сообраќај на северната порта на меѓународниот аеродром во Кабул.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
14/20Американските маринци даваат помош на контролниот пункт за евакуација во услови на егзодус од аеродромот.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
15/20Авганистанци се качуваат на американски транспортен авион за време на евакуација на 22 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
16/20Екипа на воздухопловните сили на САД се подготвува да ги запише евакуираните што ги исполнуваат условите во транспортниот авион на 21 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
17/20Американски маринец обезбедува вода за семејствата за време на евакуација на аеродромот во Кабул на 22 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
18/20Големи групи луѓе чекаат евакуација на аеродромот во Кабул на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
19/20Толпата се обидува да стигне до аеродромот на 23 август.
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
20/20Снимката од воздух покажува голема толпа луѓе собрани пред меѓународниот аеродром во Кабул
Евакуациите од аеродромот во Кабул добија на интензитет додека САД и нивните сојузници брзаат да ги извлечат своите граѓани и Авганистанците во опасност во масивна логистичка операција што доведоа до хаотични сцени откако Талибанците го зазедоа главниот град.
Previous slide
Next slide
Шапур, исто така, сега треба да се грижи за својот помал брат, кој служеше како полицаец до минатиот месец.
Талибанците наводно понудија „амнестија“ за сите поранешни војници, полицајци и владини работници. Но, повеќе извештаи сугерираат дека талибанските милитанти одат од врата до врата по оние што работеле за полициските сили или владините агенции.
„Живееме во постојан страв и грижа“, вели Шапур.
На спротивниот крај на Каирхана, Давуд неволно се прилагодува на новите реалности на Кабул.
Некогаш со фризури во стилот на Боливуд, тесни црни фармерки и тесни бели кошули, Давуд сега носи традиционална авганистанска облека. Ја избричи главата и пушта брада.
„Морав да работам напорно уште од детството - имаше многу ноќи кога од глад не можев да спијам. Но, никогаш порано не сум се чувствувал толку безнадежно“, вели Давуд, заклучувајќи очајно: „Каква несреќна нација сме ние“.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.