Достапни линкови

Како од први до први со ценовниот удар и минималните плати


Илустрација - Супермаркет во Скопје
Илустрација - Супермаркет во Скопје

Сите што се бунат на барањата за покачување на минималната плата нека пробаат да живеат со неа барем еден месец порачуваат работниците и граѓаните. Нивните барања се заглавени во Собранието.

Како да се платат сметките, како да се преживее месецот со минимални плати, се прашањата кои ги мачат граѓаните по најновиот бран поскапувања на енергенсите и прехранбените производи, РСЕ ги праша случајните минувачи во центарот на Скопје Јован Пановски и Миле Божновски.

„На што може да штедиш? Прво гледаш сметките да ги платиш, па лекарства и двоиш секој ден, толку ми е лимитот денеска 300/400 денари“.

Со 15.194 денари треба да се прехрани семејство, да се платат сметки и да се живее од први до први... Толку е минималната плата во земјава, а според пресметките на ССМ дури 110.000 работници живеат со волкави примања.

На работ на егзистенција

Синдикатите пак, одамна предупредуваат дека работниците се на работ на егзистенција, особено сега во услови на криза, кога се е покачено.

„Сметките за јануари месец ќе дојдат сега во февруари и истите ќе треба да се платат и македонскиот работник ќе може многу лесно да се доведе во ситуација ниту да може да го прехрани своето семејство, ниту да може да ги плати своите сметки“, вели Слободан Трендафилов од Сојузот на Синдикатите на Македонија.

Граѓаните веќе го чувствуваат ударот од ценовните шокови. Велат платите одвај стасуваат за основните жиивотни трошоци.

„Освен основните трошоци, на друго се штедиме“, вели Ангеле Маневски.

„Многу е тешко, сега струјата, парното, намирниците по продавниците се е покачено“ , изјави Фјола Рамадани.

Граѓаните се жалат и на правата кои ги имаат во земјата како работници.

„Влади ќе се менуваат, ние ќе си тапкаме во место“...

„“Треба да се покачи и многу повеќе од она што е сега, бидејќи ова е еден трул капитализам, работничките права се на многу ниско ниво и мора да се покачат платите“, велат дел од граѓаните што ги анкетиравме.

Живот на минималец
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00

Барањата за плати во собраниските лавиринти

Сојузот на синдикатите со месеци наназад бара минималната плата да се покачи на 18.000 денари. Ова беше една и од причините за протестот, кој што го одржаа на 12-ти декември.

„Нашето барање главно е зголемувањето на минималната плата овој пат да биде спирала и за другите плати односно сите останати плати да го следат зголемувањето на минималната плата. Впрочем таков е и нашиот предлог, кој го доставивме до Собранието и за наша среќа, Претседателот на Собранието во рок од три дена, од приемот на нашето барање го достави до пратениците, кои за жал не се одважија за да го усвојат“, ни изјави Слободан Трендафилов.

Од Собранието велат дека предлогот за покачување на платата е доставен до сите пратеници, а по формирањето на новата Влада, ќе се знае кога ќе дојде на дневен ред на седница.

Владата сака ама кога?

Владата се согласува дека покачување мора да има. Од таму велат дека се прават напори да се зголеми на 18.000 денари што е можно побрзо, а целта е до 2024 да достигне до 20.000 денари, но без да се прецизира кога тоа би се остварило.


За унапредување на правата и статусот на работниците во Северна Македонија без разлика од кој сектор доаѓаат, заложба на Владата е зголемување на минималната плата до 18.000 денари најбрзо што може во 2022 година. Натаму, целта е зголемување до 20.000 денари до крајот на мандатот.Од тие причини Владата води и ќе ги интензивира дијалозите со претставниците на работниците и на работодавачите како и стопанските комори и цврсто сме убедени дека ќе се изнајде решение за покачувањето на минималната плата кое ќе биде на задоволство за сите.

Сепак, синдикатите порачуваат дека покачувањето треба да биде уште овој месец, бидејќи како што велат една минимална плата е доволна за леб и вода, а на оние кои се противат на покачувањето им порачаа да пробаат еден месец да живеат како 110 000 семејства со 15.194 денари плата.

Додека работниците чекаат покачување на минималната плата, во меѓувреме се покачија цените за струјата и тоа за 9,5%, на парното греење за дури 14%, а поскапеа и речиси сите прехранбени продукти. За работниците со минимална плата останува прашањето како ќе се преживее денот, месецот, годината со минимална плата.

XS
SM
MD
LG