Достапни линкови

МВР за протестот во Ченто: Соодветни мерки за прекршителите на полицискиот час


МВР утрово соопшти дека по синоќешниот протест поради приведувањето на три лица од скопски Ченто, поради непочитување на полицискиот час, ќе бидат преземени соодветни мерки против сите кои го прекршиле ограничувањето на движење.

„На 13.04.2020 во 22,00ч. во ПС Гази Баба од страна на полициски службеници биле лишени од слобода В.М. (19) од Арачиново, С.Р. (21) од село Синѓелиќ и В.В. (30), поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РСМ, односно непочитување на ограничувањето на движење. По лишувањето од слобода на лицата, на улицата Алија Авдовиќ, поголема група граѓани излегле на протест“, соопшти МВР.

Според полицијата, по изготвената соодветна документација, лицата кои биле приведени се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла.

„Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење“, соопшти МВР.

Доцна синоќа, по приведувањето на тројцата осомничени за непочитување на полицискиот час, стотина жители на Ченто и околината се собраа на местото на привердување и бараа нивно ослободување. Дел од медиумите пренесоа и дека градоначаникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, интервенирал за смирување на насобраните.

XS
SM
MD
LG