Достапни линкови

103 лица го прекршиле полицискиот час, 63 приведени


Полициски час во Скопје, 23/24 март 2020 година

Во текот на изминатово деноноќие, на територијата на државата полицијата регистрирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, а 31 лице биле опоменати, покажува последната статистика на МВР.

Вчера биле евидентирани и 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата, информира МВР.

XS
SM
MD
LG