Достапни линкови

Калајџиев - Oрганизираниот криминал има линкови со политичката елита


Калајџиев - ДУИ се недопирливи, како заштитени бели мечки
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:28 0:00

Калајџиев - ДУИ се недопирливи, како заштитени бели мечки

Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на РСЕ. Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, вели тој.

Шефицата на обвинителството против организиран криминал Вилма Русковска суспендирана, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева осудена. Две шефици на обвинителства тргнати од позиција за помалку од 5 години. Кој е помоќен во државата – обвинителството или организираниот криминал?

Па очигледно дека организираниот криминал има сериозни линкови со политичката елита и оттаму се можни вакви невообичаени комбинации и дури инволвирање на високи функционери од правосудството, во конкретниот случај наспроти Вилма Русковска, практично директорот на Финансиска полиција, една битна фигура во она што се вика „лоу енформсент“.

Повеќе загрижувачки во моментот мислам дека е тоа како државата реагира на имплементација на законите и борбата со криминалот и корупцијата. Во моментот е загрижувачки тргањето на добар дел, практично половина од Обвинителството за организиран криминал, што е практично распад на системот, суспендирање и оставка во Финансиската полиција, и малку е чудно што имаме молк од надлежните институции, Владата, Министерство за правда, дури и Претседателот. Јас да сум на место на Претседателот ценејќи ја оваа криза како многу проблематична за државата воопшто би свикал дури и Совет за безбедност, по мое, оваа криза е длабока криза на проблем на власта, очигледно дека има некој судир внатре, што доведе до ваков судир меѓу Обвинителството и Финансиската полиција и после се претвори во внатрешен судир меѓу републичкиот обвинител и обвинителката за организиран криминал, што е невообичаено. Вообичаено е обвинителот да ги поддржи своите, да даде поддршка на своите луѓе и да ги оневозможи притисоците врз нив. Во овој случај државниот обвинител некако како да застана на другата страна. Дали тоа значи некаква поврзаност со изборот во Уставен суд, или некаква друга? Ние знаеме дека едноставно нашиот начин на поставување на главен обвинител, кој го предлага Владата, е суштински погрешен и доведува до постојани проблеми на влијание на извршната власт и политичката елита врз Обвинителството, што е многу штетно се разбира, со оглед на хиерархијата внатре во Обвинителството.

Кој има интерес од ваквата ситуација во која и обвинителката е тргната и в.д. директорот на Финансиската полиција?

Тие што веројатно имаат моќ да влијаат и врз едните и врз другите, во конкретниов случај личи како обвинителите да покажале некој отпор, продолжиле со некои истраги за кои им било кажано да не ги водат или да ги сопрат и личи дека во конкретниот случај тие се повеќе жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури.

Русковска ќе го наследи Јовески, само ако се смени власта

Дали со ова и се уништени шансите на Русковска да го замени Јовески, откако на двајцата ќе им завршат мандатите?

Да биде заменик на Јовески шансите практично се минимални, ако остане ова решение обвинителот да го предлага Владата. Шансите се можни само доколку се смени власта. Ова може да и донесе поени како борец против влијанија политички, ако успее добро да ги аргументира и ако ја поддржат. До сега гледаме дека нема поддршка, за жал, многу резервирано го следат и меѓународната заедница, и странските амбасади и ЕУ, зачудувачки, можеби бараат повеќе информации. За мене оваа состојба е алармантна во смисла дека се распаѓа правниот систем.

Колку ова ситуација дополнително ќе ја намали довербата од осум проценти во судството во земјава?

Во нашата држава правдата ве стига само ако се паркирате погрешно, пајакот ќе дојде во 80 отсто од случаите, за се друго потешко се одговара.

Кога зборуваме за довербата, опозицијата критикува дека функционерите од ДУИ во земјава се недопирливи за истражителите. Како ја коментирате таквата перцепција и нејзиното влијание врз довербата?

Знаеме дека во суштина ДУИ се недопирливи и имаме многу малку случаи за корупција во тој дел, иако знаме дека во добар дел моќта на оваа политичка структура е голема. Има многу озборувања за криминал и корупција, а не гледаме никакви постапки и тоа кај луѓето остава впечаток дека тие се некоја заштитена бела мечка. Колку од се ова е точно, јас не можам да знам, но очигледно е дека нешто има во ова, бидејќи добар дел од големите бизниси се практично во нивни раце.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG