Достапни линкови

Кина смета дека е прерано за истрага за пандемијата


На сесијата на Собранието на СЗО преку видео-линк ќе се обрати и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Секоја истрага за потеклото на новиот коронавирус ќе биде преуранета затоа што многу земји веруваат дека пандемијата уште не е завршена, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, непосредно пред седницата на Генералното собрание на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева.

Според најавите, на сесијата на Собранието на СЗО, на која главните теми ќе бидат иницијативата на Австралија за спроведување на независна стручна истрага, преку видео-линк ќе се обрати и кинескиот претседател Си Џинпинг. Заедничка резолуција на Европската унија и Австралија, која повикува на независна и стручна истрага, е поддржана од 116 земји.

XS
SM
MD
LG