Достапни линкови

Кандидатот за прв премиер-Албанец ќе ја презентира програмата


Насер Зибери, кандидат за прв премиер од албанска националност

Поранешнбиот пратеник, и сегашен кандидат за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска напладне пред Владата ќе ја презнтира владината програма, соопшти ДУИ, партијата која стои зад идејата за прв премиер на Северна Македонија од албанска националност.

„Денес, со почеток во 12:00 часот, пред зградата на Владата во Скопје, првиот албански премиер ќе ја одржи првата владина седница на која ќе им ја претстави владината програма на граѓаните“, соопшти ДУИ.

ДУИ ја промовираше оваа идеја пред неколку недели и побара партиите од албанскиот кампус да ја поддржат идејата.

XS
SM
MD
LG