Достапни линкови

Каква младина, таква иднина


Вандализам во македонските училишта. Фото: Принтскрин од инстаграм-групата

Македонски ученици дивеат во училиштата додека наставниците немо гледаат. Згора на тоа, се фалат со своите „подвизи“ на Инстаграм. Некои прашуваат каква е иднината на земјава со таква младина, додека други посочуваат дека младите се такви токму поради тоа што им оставиле повозрасните.

Македонски ученици палат клупи, ги фрлаат низ прозорец, кршат врати, пушат, се снимаат и постираат на Инстаграм! Групата веќе брои 15 илјади члена. Текстот за нескриената училишна деликвенција, кој го објави порталот факултети.мк предизвика големи реакции во јавноста.

Најлудите Школски Видеа. Доколку сакате и вашето видео да биде објавено, пратете ми го. Придружи ѝ се на армијата од 15.000 Багабонти“, пишува во описот на групата на Инстаграм.

Во наше време немаше вакво нешто, велат едни. Гледам и ние какви цвеќиња испаднавме, одговараат други. Имаше, само што тогаш немаше телефони со камера и социјални мрежи, потсетуваат трети.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат казни за учениците, за родители, за училиштата кои ништо не преземаат.

Сепак, вината за денешната состојба сигурно не е во овие деца, туку нивното однесување е резултат на постапките на оние во чие време „вакво нешто немало“.

Само пред неколку дена излезе информацијата дека македонските ученици се меѓу најслабите на последното ПИСА тестирање, односно се меѓу последните 15 од 77 земји во читање, математика и наука.

Други, пак, иронизираат дека тоа не е наш проблем.

Речиси истовремено беше објавена информацијата дека е приведен осомничениот што со секира уби две кучиња во скопски Аеродром. Се работи за 17-годишник.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG