Достапни линкови

Казните милионски па да дишеме чист воздух - вие коментирате


Аерозагадување во Скопје

Ако ништо не се превземе денес, отиде се во неврат - коментираат нашите посетители на ФБ за темите на РСЕ поврзани со воздухот, греењето екологијата и како реагираат државните органи за решавање на овие проблеми.

Балканот е најзагаден во Европа, а македонските граѓани, заедно со соседите во регионот, Косово и Босна и Херцеговина, дишат потоксичен воздуход нивните европски сограѓани, покажуваат дел од светските истражувања. Пулмолозите предупредуваат дека загадениот воздух го олеснува патот на вирусите до белите дробови особено кај децата. РСЕ на македонски на оваа тема посвети повеќе прилози, а ја одбра и како Тема на неделата.

Балканот најзагаден во Европа, најзагрозени децата
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:54 0:00

И редовното неделно интервју беше со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, која покрај другото вели дека на фирмите повеќе им се исплати да загадуваат и да си платат казна.

Петровска - 37 општини немаат инспектор за животна средина
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:56 0:00

Вашите реакции на нашата ФБ страница се осудувачки. Анна Јакимовска постирала: „Точно! Казните треба да бидат милионски и над вредноста на фирмата за да не им падне на памет да си платат казна и пак да си прават што сакаат. Цената е превисока за луѓето. Сите дишеме ист воздух вклучувајќи ги и фамилиите на загадувачите!“ Борка Печеновиќ со сличен коментар и осврт на граѓанскиот молк: „Сѐ да им се одземе, и да се затворат и фирмите и управата, само така, одземаат животи, ееј, нѐ убиваат, а сите сме апатични“. Слаѓана Ставрева се залага за зголемување на ингеренциите на инспекциите и упатува директна порака до директорката на Државниот инспекторат за животна средина: „Од вас треба да започне барањето за измена на законот и зголемување на казните. Ако ништо не се преземе... уште денес, отиде сѐ во неповрат“. Зулко Зуко Зекири конкретно за увозот на мазут со отровни состојки: „Сѐ додека клиниките, поликлиниките, фабриките се греат и работат на таканаречен мазут уште долго ќе бидеме меѓу првите најзагадени во светот“.

. Бугарија сака да наметне свој поглед кон минатото, тврди македонскиот тим од историската комисија

Посетителите на ФБ страницата на РСЕ реагираат и по информациите од македонскиот тим на историската комисија со Бугарија дека таа соседна земја сака да наметне свој поглед кон минатото. Ана Јакимова коментирала и овде со појаснување: „Бугарија сака да наметне минато“, а Игор Димовски вели: „Не им попуштајте, хиени, сакаат туѓа историја. Нема ниту еден Бугарин со име Гоце. Факт и реалност“.

Четвртата трансплантација на срце изведена од домашен медицински кадар хирурзи, кардиолози, анестезиолози и друг медицински персонал предизвикала голем број пофалби: „Браво за златните раце на докторите“, напишала Захарија Ќорвезироска, а Енис Зенуни: „Респект за екипата“. И Блага Манасиева со пофалба до медицинскиот кадар: „Браво за екипата“, гласи нејзиниот пост.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG