Достапни линкови

И без датум, Владата ќе го спроведува Преспанскиот договор


Табли на спомениците според Преспанскиот договор

Тоа што земјава нема да ги почне преговорите со ЕУ можно е да претставува вовед во проблематизирање на одредени прашања од Преспанскиот договор, велат дел од експертите. Тие укажуваат дека отворањето на поглавјата требаше да се одвива паралелно со исполнување на определни одредби од договорот.

По неотпочнувањето на преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев деновиве уверува дека продолжува реализацијата на Преспанскиот договор, но дел од експертите предупредуваат на внимателност.

Првиот министер за надворешни работи Денко Малевски вели дека тоа што земјава нема да ги отпочне преговорите со ЕУ можно е да претставува вовед во проблематизирање на одредени прашања од договорот.

Овој став експертите го аргументираат со членот 1 од Преспанскиот договор кој предвидува дека политичкиот преоден период за употреба на сложеното име во документите што се издаваат во внатре кај договорната страна, зависи и од отворањата на поглавјата во пристапните договори.

Малевски вели дека по одбивањето на Европскиот совет за започнување на пристапни преговори, меѓу другото, е важно и каква ќе биде идната политичка констелација во земјава.

„Преспанскиот договор, тој историски договор на помирување помеѓу двете држави, беше врзан со отпочнување на пристапни преговори на Македонија со ЕУ. Во таа смисла отворањето на поглавјата требаше да се одвива паралелно со исполнување на определни одредби од договорот" вели професорот Малевски кој дополнува: " Новата ситуација што ја имаме со неотпочнување на преговори со Унијата отвара дилеми и отвора простор сега во зависнот од тоа каква ќе биде идната политичка консталација во двете земји, да се проблематизираат некои прашања. Во таа смисла направена е штета со ова одлука Македонија да не отпочне преговори со Унијата“ изјави Малевски.

Прашан од новинарите дали недобивањето датум ќе го забави договорот од Преспа, денеска премиерот Заев изјави дека има конкретни поглавја односно членови во договорот од Преспа, кој сега е закон, каде што имплементацијата на Договорот е врзана со европските поглавја.

"Тоа се однесува на личните документи на граѓаните, кажувам пример. Ова е не случајно ставено така зашто ЕУ на крајот беше вградена во овој договор кој се постигна за пријателството меѓу земјава и Грција, но се постигна и заради нашите евро-атлански перспективи. Тоа е уште една причина за да се забрза процесот на отворање на поглавјата односно преговорите за да дадеме можност 100 процентно да се реализира договорот“ изјави премиерот Заев.

Ова не е првпат премиерот Заев да зборува за Преспанскиот договор по недобивањето датум.Тој деновививе уверуваше дека во земјaва продолжува реализацијата на Преспанскиот договор, дополнувајќи дека верува оти бргу ќе се вратиме на интеграциската патека и не треба да се ризикува од нови блокади.

"Договорот е закон, а законот се преточи во Устав.Да не ризикуваме некој само со тоа што не го почитува Уставот , веднаш да имаме можност за ново вето“, коментираше Заев по изјавата на поранешниот лидер на ПАСОК Евангелсо Венизелос дека неотпочнувањето на пристапните преговори ќе значи доцнење на вистинската внатрешна употреба на сложеното име.

Професорот Малевски вели дека, разбирливо е оти меѓународните договори треба да се почитуваат и дополнува дека работа на двете држави треба да биде да не дозволат Договорот да страда поради одлуката на ЕУ.

„ Гледаме дека новата грчка влада дава изјави дека тие ќе го почитуваат иако не се среќни со договорот кој го потпишаа нивните претходници. Но, останува фактот дека овој договор беше врзан со нашето членство и со отварањето на поглавјата. Тука треба да бидеме внимателни за да не се наштети на овој договор и да не се вратат работите назад. Надежта дека ќе отпочнеме со преговори во скоро време сеуште постои, но со децидниот став на Франција мислам дека ова ќе биде одложено на некое време“ вели Малески.

Инаку откако стапи во сила Договорот од Преспа и уставните амандмани, како и уставниот закон за нивното спроведување, на почетокот од февруари, започна преименувањето на Македонија.

Македонските власти најпрвин ги сменија таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија, а уште пред една година беа променети имињата на аеродромот и автопатот Александар Велики. Во меѓувреме, работи и комисијата за образовни и историски прашања меѓу двете земји. Во мај се одржа и првиот состанок на Комисијата за трговски ознаки и трговските имиња, која треба да ги договори условите за користење на термините „Македонија“ и „македонски“ од приватните фирми. Беа поставени и нови табли со новото име пред седиштата на министерствата, а за останатите институции рокот беше 4 месеци од феруари кога почна спроведувањето на Преспанскиот договор. Според одредбите, освен таблите на институциите со новото име за 4 месеци почна и промена и на регистарските таблички на возилата, а во пасошите, до крајот на годината и тоа само за тие што ќе вадат нови документи.

До неговиот коментар дојде по изјавата на поранешниот лидер на ПАСОК Евангелсо Венизелос дека неотпочнувањето на пристапните преговори ќе значи доцнење на вистинската внатрешна употреба на сложеното име.

Професорот Малевски вели дека, разбирливо е оти меѓународните договори треба да се почитуваат и дополнува дека работа на двете држави треба да биде да не дозволат Договорот да страда поради одлуката на ЕУ.

„ Гледаме дека новата грчка влада дава изјави дека тие ќе го почитуваат иако не се среќни со договорот кој го потпишаа нивните претходници. Но, останува фактот дека овој договор беше врзан со нашето членство и со отварањето на поглавјата. Тука треба да бидеме внимателни за да не се наштети на овој договор и да не се вратат работите назад. Надежта дека ќе отпочнеме со преговори во скоро време сеуште постои, но со децидниот став на Франција мислам дека ова ќе биде одложено на некое време“ вели Малески.

Инаку откако стапи во сила Договорот од Преспа и уставните амандмани, како и уставниот закон за нивното спроведување, на почетокот од февруари, започна преименувањето на Македонија.

Македонските власти најпрвин ги сменија таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија, а уште пред една година беа променети имињата на аеродромот и автопатот Александар Велики. Во меѓувреме, работи и комисијата за образовни и историски прашања меѓу двете земји. Во мај се одржа и првиот состанок на Комисијата за трговски ознаки и трговските имиња, која треба да ги договори условите за користење на термините „Македонија“ и „македонски“ од приватните фирми. Беа поставени и нови табли со новото име пред седиштата на министерствата, а за останатите институции рокот беше 4 месеци од феруари кога почна спроведувањето на Преспанскиот договор. Според одредбите, освен таблите на институциите со новото име за 4 месеци почна и промена и на регистарските таблички на возилата, а во пасошите, до крајот на годината и тоа само за тие што ќе вадат нови документи.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG