Достапни линкови

Тимоние - Датумот не требаше да се третира како награда за Преспанскиот договор


Францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние

За недобивањето датум не е одговорна само Франција, туку и земјите што и ветувале на Македонија дека на овој самит ќе го добие фамозниот датум, рече францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, на прес- конференција на која ја објаснуваше одлуката на Франција за недавање датум за преговори на Скопје и на Тирана.

Тимоние вели дека Франција често пати предупредувала дека реформите се клучни за започнување на преговорите, а дека Преспанскиот договор е само еден предуслов. Но како што вели реформите не се до крај исполнети, а фокусот се префрлил само на договорот со Грција, додавајќи дека датумот не требало да се третира како награда за Преспанскиот договор.

Тимоние вели дека го разбира разочарувањето кај народот, но дека по надминувањето на емоциите треба да се постават прашањата за идната перспектива и да се подготват сите за иднината на земјата.

XS
SM
MD
LG