Достапни линкови

Се демонтираат буквите "Александар Велики" од скопскиот аеродром


Аеродром.Патници се симнуваат од авион.

На скопскиот аеродром од претпладнето се отстрануваат буквите од натписот „Александар Велики“ кој стоеше на заградата на терминалот на аеродромот.

Со ова концесионерот на македонските аеродроми ТАВ Македонија почна да ја спроведува одлуката на Владата за преименување на аеродромот.

Пред неколку дена почна остранувањето и на таблите со името на автопатот Александар Велики долж Коридорот 10 што исто така со владината одука беше преименуван во ново име - пријателство.

XS
SM
MD
LG