Достапни линкови

Хан - Последиците од ставот на Франција може да бидат катастрофални


Последиците од негативниот став на Франција за датумот за Скопје и за Атина може да бидат катастрофални за двете земји и за регионот, рече еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Најавените предвремени избори во Северна Македонија, според него, покажуваат колку е чувствителна внатрешно-политичката ситуација во државите од регионот. Тоа ќе има влијание и врз иднината на дијалогот меѓу Србија и Косово, како и врз реформите во Босна и Херцеговина кои ќе ја изгубат мотивацијата по одлуката на ЕУ да не отвори преговори со Скопје и Тирана, Хан.

Тој во интервју за австриската агенција АПА вели дека по негативната одлука на лидерите на ЕУ се отвора прашањето дали станува збор за трајно вето од Франција за проширувањето. Еврокомесарот за проширување оценува дека очигледно Франција во моментов не сака никакво проширување на ЕУ, а најавите дека ова прашање повторно ќе се разгледува за време на хрватското претседавање е „бесконечна приказна“.

Во меѓувреме Европскиот Парламент во заедничката резолуција за која ќе се гласа денеска напладне, ги повикува земјите-членки на ЕУ и нивните лидери да покажат одговорност кон Северна Македонија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, имајќи ги предвид можните последици.

XS
SM
MD
LG