Достапни линкови

Зошто руската војска сè уште има придобивки во Украина


Украински војници истрелуваат граната од хаубица М777 во близина на линијата на фронтот во источниот регион Доњецк на 6 јуни.
Украински војници истрелуваат граната од хаубица М777 во близина на линијата на фронтот во источниот регион Доњецк на 6 јуни.

Џорџ Барос, аналитичар во Институтот за проучување на војната, објаснува зошто контранападите, артилеријата обезбедена од Запад и географијата ќе ја дефинираат следната фаза од војната во Украина. Рид Стендиш

На украинските сили им е тешко да ги спречат руските напади во центарот на клучното бојно поле Северодоњецк, но Москва сè уште не го контролира источниот град, велат регионалните власти.

Северодоњецк и неговиот збратимен град Лисичанск се стратешки важни во обидот на Кремљ да го заземе источниот украински регион Донбас и текот на оваа борба, во која руските трупи веќе презедоа контрола врз големи делови од Северодоњецк, може да има големо влијание врз следната фаза од војната.

Борби за клучниот град во источна Украина

Во меѓувреме, протокот на западно оружје кон Киев продолжува, но украинските власти предупредија дека се потребни поголеми и постојани количества опрема и помош доколку сакаат да имаат предност пред руските сили.

Соединетите држави и Британија неодамна објавија дека планираат да му обезбедат на Киев ракетни системи за повеќекратно лансирање (MLRS), кои можат да погодат цели до 80 километри.

Вашингтон, исто така, испраќа четири артилериски ракетни системи М142 (HIMARS), а Лондон се согласи да испрати неодреден број системи за лансирање М270.

Испораките на оружје беа поздравени од Киев, но Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека се потребни поголеми количества, особено ракетни фрлачи, за да можат силите на неговата земја да ги одбијат руски трупи.

РСЕ разговараше со Џорџ Барос, аналитичар во Институтот за проучување на војната (ISW), тинк-тенк со седиште во Вашингтон.

Судбината на Донбас може да биде решена во битка за Северодоњецк, вели Зеленски

РСЕ: Главната битка меѓу украинските и руските сили се чини дека е во тек во Северодоњецк. Како гледате на битката и што треба да се знае за оваа борба?

Барос: Кремљ одлучи на време да ги деприоритизира другите области на линијата на украинскиот фронт со цел да ѝ даде приоритет на борбата за Северодоњецк. Ова е всушност доста интересно, бидејќи до оваа сегашна фаза од војната, Кремљ мораше да ги намалува своите цели од време на време. На 24 февруари, првичната цел на Путин беше да го освои Киев и другите големи градови и да изврши промена на режимот во многу краток временски период. Тоа, се разбира, не успеа.

Потоа, во април, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров формално ги редефинира целите на таканаречената специјална воена операција на Русија само за освојување на областите Доњецк и Луганск. Тоа е интересно затоа што ако погледнете како се променија првите линии во изминатиот месец и половина, Русите постигнаа многу малку придобивки во Доњецката област, тие речиси исклучиво се фокусираа врз линијата на фронтот кај Луганск, која доведе до она што веројатно ќе биде кулминација за Русите во Северодоњецк.

Така, дури и со овие намалени цели, овие мали руски придобивки над делови од град или делови од село во период од неколку денови и недели, покажуваат дека Русите сè уште имаат многу слаби резултати. Сегашната проценка на Институтот за проучување на војната е дека ако Русите успеат да го завршат заземањето на Северодоњецк и потоа да се префрлат на заземање на целата Луганска област, руската кампања најверојатно ќе кулминира и тоа ќе им наложи Русите да направат оперативна пауза за да ги прегрупираат своите сили и да го зајакнат она што го контролираат. Во тој момент, Путин најверојатно ќе се обиде да направи игра за прекин на огнот.

Можно повлекување на украинските војници од Луганск

Сепак, всушност не ми јасно дали Русите воопшто ќе можат да ја заземат целата Луганска област. Северодоњецк е последната значајна украинска позиција во Луганската област пред руските сили да стигнат до градот Лисичанск, каде што Украинците исто така имаат подготвено одбранбени позиции. Лисичанск е возвишена област, така што на Русите географски ќе им биде тешко да ја нападнат таа територија и ќе бара од нив да прават работи што им биле тешки во текот на оваа војна, како што се преминување реки и урбано чешлање.

РСЕ: Рековте дека руската војска слабо функционира, но сепак прави некои пробиви и добива одредени места сега кога ги концентрира своите сили. Дали гледате докази дека тие се способни да ги задржат овие придобивки што ги постигнуваат?

Барос: Главното прашање е дали Украинците ќе бидат способни да спроведат контраофанзиви за ослободување на територијата што Русите ја зазедоа од почетокот на војната. Јас би рекол дека не видовме способност на Украина да ја врати територијата што Русите сериозно ја бранат. Територијата што Украинците ја вратија во и околу Киев и Харкив на север е главно поради тоа што Русите се повлекоа.

Во многу случаи беше пријавено дека украинските сили ги ослободиле овие територии, но всушност во голем дел се должеше на тоа што Русите едноставно се повлекоа и Украинците преземаа. Во моментов има докази за интензивни борби на некоја територија каде што Русите всушност се обидуваат да задржат упориште, како на пример северно од Харкив или исто така на јужниот фронт во близина на Миколаев и Керсон, каде што има големо напред-назад со Украинците.

Така, таквите придобивки на Украина таму беа мали и руската одбрана се чини дека е прилично добра. Мислам дека за Русите е многу полесно да држат територија што ја контролираат отколку да заземат нова територија. И обратно, на Украинците им е полесно да ја одбранат територијата од руските напади отколку да ја вратат и ослободат територијата што ја контролира Русија.

Зеленски: Украина ќе ја врати територијата заземена од Русија

На југ, гледаме дека Русите исто така поставуваат услови за навистина да ги задржат тие јужни територии долго време и има извештаи на украинската влада дека Русите градат утврдувања, што укажува дека тие имаат намера да ги задржат тие територии долго време.

Украинската „Легија на странци“ на фронтот во Северодоњецк
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:38 0:00


РСЕ: Дали тогаш велите дека Русија всушност е способна да одржи некои од овие придобивки?

Барос: Не сакам да имплицирам дека има некаква конечност во тоа, но она што сакам да го кажам е дека за да ги оспорат тие руски придобивки, Украинците ќе мора да покажат нови способности на бојното поле што не сме ги виделе за нив досега.

РСЕ: Каде води тоа? Нешто блиску до ќор-сокак или барем многу бавна војна до изнемоштеност. Што е важно да се гледа во наредните недели?

Барос: Мислам дека одлучувачкиот фактор е степенот до кој западните влади ѝ обезбедуваат на Украина оружје што ги исполнува барањата и потребите за украински контраофанзиви. Гледаме различни видови помош и опрема и тоа е одлично.

Уништена руска воена опрема во украински музеј
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Сепак, поради начинот на кој Русите досега ги истуркаа првите линии на фронтот во некои области и начинот на кој функционираат руските линии за снабдување, на Украинците им треба подобро оружје со подолги ефективни дострели за да ги погодат тие руски логистички конвои, како и подалечните руски складишта за муниција.

Така, јас навистина ја гледам воената помош од Западот како одлучувачки фактор за да се осигура дека Путин нема да може да обезбеди префериран ќор-сокак или каква било друга ситуација каде што во суштина ќе ги зацементира сите овие придобивки што ги направија Русите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG