Достапни линкови

Дали бугарското МВР работи со луѓе како Динко, „ловецот на бегалци“?


Динко Валев, кој поседува отпад за камиони и автобуси, позира на едно од неговите стари воени возила во градот Јамбол, на околу 240 километри од Софија.

Обичен граѓанин вперува пушка кон десетина мажи кои лежат на земја и се фотографира со нив. Ги пцуе и вели дека повеќе нема да доаѓаат во Бугарија. Подоцна МВР соопшти: „Полицајците на граничната полиција од Елхово приведоа 20 илегални имигранти“. Нема збор за човекот со пушката. Генка Шикерова.

Оваа приказна е стара речиси еден месец и оттогаш се разоткриени многу елементи од неа, но не и главниот: дали Министерството за внатрешни работи соработува со паравоени групи и индивидуални цивили кои ги преземаат полициските функции.

Динко, „ловецот на бегалци“

Човекот со пушката е Динко Валев од Јамбол. Тој стана популарен пред околу пет години откако телевизиските извештаи го опишаа како „комбинира екстремно возење теронско возило со фаќање мигранти“. Оттогаш, тој ја одржува својата репутација на „ловец“ на луѓе со објави на социјалните мрежи. Последната е од ноември.

Динко Валев тврдеше дека направил „граѓанско апсење“.
Динко Валев тврдеше дека направил „граѓанско апсење“.

На видеото објавено на повеќе веб-страници се гледа како Валев со пушка закачена на рамо држи најмалку 12 мажи кои лежат на земја до него. „Дојдов да го поправам камионот и што се случи! И? Овој пат ги најдов без да сакам“. Вака вели Валев во видеото и го упатува кадарот кон мажите кои се неподвижни и свртени кон земјата. Цевката на пушката му се гледа преку рамо.

Бугарскиот премиер Јанев свика состанок на Советот за безбедност поради можен бран мигранти

Придонесот на Динко Валев за ова „апсење“ недостасува во извештајот на МВР за приведените мигранти на истиот простор како и видеото. Радио Слободна Европа разговараше со Валев и постави неколку прашања до прес-центарот на МВР и Граничната полиција. Така, стана јасно дека се работи за истиот настан, раскажан во две верзии и со малку скриени факти.

Мигрантскиот притисок

Бугарија е дел од бегалската рута преку Турција до Западна Европа. Кризата во Авганистан ова лето го зголеми сообраќајот на мигранти кон Европа, што доведе до повеќе случаи на илегален влез.

Заканата од мигрантски бран традиционално ја користат националистичките групи и поединци кои станаа популарни во последните години за „фаќање бегалци“ и „одбрана на татковината“.

„Пушка, како пушка“

„Отидов да го поправам камионот бидејќи не сакаше да стартува. Тие скокнаа на патот и јас ги фатив“, изјави Валев за РСЕ. Според него, станува збор за 20 лица од Авганистан, кои случајно ги видел. Ја вадиш пушката од багажникот и им велиш „Стоп, застани, застани!“ и застануваа“, вели Валев.

Членовите на Воениот сојуз „Васил Левски“ и Бугарското национално движење „Шипка“ почнаа да патролираат на границата во 2016 година.
Членовите на Воениот сојуз „Васил Левски“ и Бугарското национално движење „Шипка“ почнаа да патролираат на границата во 2016 година.

На прашањето зошто е со пушка, тој одговори: „Пушка како пушка. Ви видов како излегуваат од патот. Ја зедов пушката. Слегов по една патека и ги гледав како се собираат во толпа. Застанаа. Јас не ги удрирав, ниту ги малтретирав“, раскажува Валев, наведувајќи дека неговото оружје е регистрирано, а има пушка во колата затоа што е „голема компанија“ и носи многу пари.

Бугарија испраќа војници на границата поради можен прилив на мигранти од Авганистан

Според неговите зборови, тој се јавил на 112 во моментот кога ја видел групата мажи. Потоа ги принудил да легнат на земја, а тие останале така додека не дошла полицијата. Според него, тоа што го направил се нарекува „граѓанско апсење“.

Верзијата на МВР

Приказната на МВР за приведувањето на групата илегални имигранти е различна од онаа на Динко Валев. Во официјалното соопштение на „Граничната полиција“ нема информации за помошта што Валев ѝ ја дал на полицијата.

„Одред на граничната полиција идентификуваше 20 странци, мажи. Тие беа без лични документи, тврдејќи дека се од Авганистан. Илегалните имигранти се приведени во полициската управа Елхово“, пишува на веб-страницата на МВР.

Мигранти, Бугарија, Малко Трново, 24.09.2021
Мигранти, Бугарија, Малко Трново, 24.09.2021

Од прес-центарот на граничната полиција телефонски потврдија дека оваа група мажи била приведена во месноста Елхово, но биле изненадени од објавувањето на Динко Валев на социјалните мрежи.

Во одговор на прашањата на бугарскиот сервис на РСЕ, МВР подоцна соопшти дека екипа на граничната полиција привела илегален имигрант. „Јасно е дека бил дел од група луѓе кои илегално ја преминале границата. Граничната патрола се упатила на местото каде што имало 19 лица без лични документи, според нив, државјани на Авганистан. На местото бил и господин Валев “.

Какво е оружјето?

Она што Валев го смета за „граѓанско апсење“, а МВР не го коментира се случи при видлива демонстрација на оружје. „Бидејќи пушката ми е легална, можам и со пушката да шетам низ центарот. Оваа пушка е воздушна“, изјави Валев за РСЕ.

Според адвокатката Грета Ганева, која исто така е ловџија, „ловџиското оружје може да се носи, но има одредени услови - да биде во футрола и со уред за заклучување“.

Грчки агенти откриле невладини организации кои шверцувале мигранти од Турција

Ганева додава дека „секој може да изврши граѓанско апсење за да спречи прекршување“, но тој не може да употреби оружје. „Прашањата се како овој човек дознал дека мажите на пат се странци, од каде знаел дека го прекршиле законот и како. Тоа може да се случи само по проверка на документи, а тој нема такви овластувања“, вели Ганева.

Според МВР, „во видеото објавено на социјална мрежа, Валев поседува воздушна пушка во легална сопственост (регистрирана) која била констатирана од службениците кои пристигнале на лице место. Од одговорите не е јасно под кои околности е приведена групата имигранти и дали Динко Валев има некаква поврзаност со МВР.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG