Достапни линкови

Грција останува затворена, ќе мора да глумиме патриотизам


Граничен премин Евзони/Богородица меѓу Грција и Северна Македонија
Граничен премин Евзони/Богородица меѓу Грција и Северна Македонија

По информацијата дека Грција останува затворена за државјани на трети земји и за 8 Март, читателите на РСЕ на социјалните мрежи даваат предлози за друга дестинација -„Ене ја Албанија“, „И онака за Доминикана уплативме“, а трет коментар гласи:„Штета, ќе мора да глумиме патриотизам и понатаму“.

Редовното неделно интервју на РСЕ на македонски е со Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и секретар за меѓународни прашања, покрај другото, опфаќа и прашања за пописот предвиден за 1 април. Муцунски вели дека остануваат забелешките на неговата партија дека требало да се почитуваат стандардите на Евростат и на ОН и дека не треба да се одржи во време на пандемијата.

Потпишан со Марк Маркез на нашата ФБ страница пишува: „За протести нема пандемија или проблем е третата изборна единица која е иселена?“ Стојан Хаџи Димитров прашува: „Тимчоооо, се слушаш ли што зборуваш? Ух, какви пенали ќе јадеш за ова во партија. Многу непромислено, бе, дете. Вакви работи не можат да ти се припишат ни на неискуство ни на младоста“, а Горан Симевски се чини е разочаран од двете најголеми партии: „Оди бе таму, сите сте исти...“, па следуваат непримерни зборови. Редовниот Рустемов Гугуле е на истата линија за лагите: „Никогаш ВМРО нема да ви ја кажи вистината, само лаги има кај нив, прашај за едно, тие друго ќе кажат, кај успеа толку лаги да кажи“.

Муцунски - Граѓанскиот концепт не се урива со личните карти, урнат е одамна
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:45 0:00

Инаку ВМРО-ДПМНЕ почна со собирање потписи против Законот за попис и се пофали со собраните 25 илјади, а СДСМ вели нема одложување. Бобан Неделковски смета дека „Мицко си прави ажурирање на членството на улица“, а Дивна Стоилова коментирала: „Само потпишувајте се, после ќе сме малцинство“, алудирајќи веројатно на евентуалното одбивање на граѓаните што се потпишуваат да се попишат. Лидија Пренџова потсетува на прекинатиот попис 2011 година: „Од вас поголеми крадци нема, 14 милиони од буџетот ги поделивте на од вас избраните, за нереализиран попис“. Петар Дамјанов, пак, постирал: „Собирање потписи на улица нема никаква правна важност. Знаат ли тие што се потпишуваат дека Мицкоски ги носи жедни преку вода?“


Со секоја информација за вакцините против корона вирусот – реакции на посетителите на нашата ФБ страница. Имено, премиерот Зоран Заев изјави дека дал насоки да се нарачаат 100 илјади руски вакцини „Спутник“ и дека кон крајот на неделава се очекуваат и кинеските вакцини, и веднаш, има критички коментари. Анна Јакимова постирала: „Можевте да нарачате многу порано и многу повеќе!“, а Зоран Илиевски прашува: „Која последна недела од февруари? Февруари 2021 завршува за 6 дена. Да не е последната недела од февруари 2022?“ „Ќе чекаме на некој да му останат па на нас да ни ги дадат“, постирал Стефчо Мицев.

По информацијата што ја објавува нашево Радио дека грчката Влада ја продолжи забраната за влез во таа земја на државјани на трети земји за уште две недели, што го опфаќа и 8 Март, следат повеќе коментари, меѓу кои и предлози за друга дестинација. Миле Талевски вели: „Ене ја Албанија...“, а Каранфилловски Мите со шеговиот прашање: „Како бре... шо ќе прават невестите шо беа научени каде за 8 Март? Јас велам и оваа година заклучени нека седат, нека си работат нашите туристички места“. Д.Стефан со асоцијација на една народна песна: „Турција ќе одам Стамбол да видам“, а Марјан Јаневски постирал: „Нема врска, ако, и онака за Доминикана уплативме“. Зоки Бошков, пак констатира: „Штета, ќе мора да глумиме патриотизам и понатаму“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG